MotoGP

Moto2: Бањаиа стигна до првата победа во Катар

Франческо Бањаиа стигна до својата прва победа во Moto2 шампионатот откако успеа да се одбрани од нападите на возачот на VR46 тимот, Лоренцо Балдасари, на првата трка од сезоната која се оддржа во Катар.

Следете нè на:

 

Бањаиа, кој уште од самиот старт го презеде водството, речиси целата трка не беше загрозен од никого. Но така беше се до последниот круг кога возачот на VR46, кој беше зад него за време на целата трка, се обиде да го претекне. Сепак, обидите на Балдасари беа залудни, а двајцата возачи на крајот завршија со разлика од 0.112 секунди.

banaia pobeda

Алекс Маркез, кој стартуваше од пол позицијата и кој во текот на целата трка се наоѓаше блиску до Италијанските возачи, сепак не можеше да се вклучи во борбата за победа поради проблем со задната сопирачка. Тој се бореше за третата позиција со возачот на Marc VDS Kalex, Матиа Пасани кој беше многу блиску за да го претекне. Сепак, Маркез имаше среќа откако се среди проблемот со сопирачката и на крајот успеа да го задржи местото кое носи на подиумот.

Пасани на крајот се најде на четвртото место со предност од речиси 4 секунди во однос на возачите на фабричкиот тим на КТМ, Мигуел Оливеира и Бред Биндер.

Марсел Шротер, кој настапи за  Dynavolt Intact GP тимот, на крајот заврши на седмата позиција и се најде пред неговиот тимски колега Чави Виерге додека пак вториот возач Sky VR46, Лука Марини, на крајот беше девети.

Хорхе Наваро ги заокружи првите десет места, а веднаш зад него се најде дебитантот Жоан Мир, кој стартуваше од 24 позиција.

Дени Кент беше најдобриот Британски возач и на крајот се најде на седумнаесетото место додека пак неговиот сонародник Сем Ловс мораше предвреме да ја заврши трката поради проблеми со менувачот.

qatargpmoto2race

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.