MotoGP тимовите ќе имаат на користење 5 мотори наместо 6 во оваа сезона, и ќе можат да ги искористат за време на 18-те трки од календарот.

motogp-2012

MotoGP тимовите ќе имаат на користење 5 мотори наместо 6 во оваа сезона, и ќе можат да ги искористат за време на 18-те трки од календарот.

Кога FIM ги објави новите спортски и технички прописи минатиот ноември, правилото на 5 мотори требаше да стапи на сила во 2014 година. Тоа беше компромис помеѓу Dorna и MSMA со кој се даде дозвола на фабричките тимови да го користат сопствениот софтверски систем наместо задолжителниот ECU во 2014 година и притоа не наметнувајќи им ограничување на бројот на вртежите, но тимовите ќе мораат да користат 5 мотори во текот на целата сезоната, а развојот на моторите ќе треба да биде стопиран за време на сезоната 2014.

Сепак, откако Дани Педроса на прес конференцијата која се одржа минатата недела изјави дека ја тестира издржливоста на моторот „заради правилото на 5 мотори“, збунетите новинари го побараа правилникот за да видат за што зборува Педроса, бидејќи правилото за 5 мотори требаше да стапи на сила од 2014 година. Шпанскиот веб сајт www.motocuarto.com го контактираше официјалното лице на Dorna кој изјави дека 2014 година било печатна грешка и дека секој MotoGP возач ќе има на располагање само 5 мотори во 2013 година.

Веб сајтот на MotoGP го поправи нивниот известување за јавноста објавено на 10ти ноември со наслов „MotoGP Regulations – decision of the Grand Prix Commission“  и сега новите правила стапуваат на сила од 1ви јануари 2013 година, а во нив јасно стои: „Максималниот број на мотори кои можат да се користат во една сезона е ограничен на (четири по производител) најмногу 5 мотори“.

Back To Top