„Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година“ – Марк Маркез

Возачот на Repsol Honda, Марк Маркез, вели дека временските услови во Асен имаат големо влијание врз крајниот резултат на трката и потенцира дека тимот мора да биде подготвен веднаш да се прилагоди.

IMGP7710

Австралиецот Џек Милер победи на дождливата трка минатата созена, а актуелниот шампион заврши на првото место во 2014 година. Маркез, кој заврши на второто место на трката во Каталуња вели: „Таму сме имале некои навистина возбудливи трки. Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година.“

„Ако се додаде на тоа и фактот дека секоја трка од оваа сезона е непредвидлива, тоа би значело дека треба да бидеме целосно фокусирани и да работиме навистина напорно уште од петок за да го подготвиме мотоциклот и пневматиците.“

„Имавме добри, позитивни тестирања во Каталуња. Затоа со нетрпение чекам да се вратам на мотоциклот и  да продолжам да возам на истото ниво и на следната трка.“

Во моментов, Маркез се наоѓа на третото место во генералниот пласман со заостанување од 23 поени зад лидерот Маверик Вињалес.

Трката во Асен, а веднаш потоа и трката во Захсенринг се двете последни трки пред летната пауза која трае 4 недели.

Back To Top