motori 2012_australia_corner_pic_5Викендов Кејси Стонер ќе се збогува со својата домашна патека Филип Ајленд, која е и претпоследна во шампионатот по што Австралиецот ќе се повлече од МотоГП.

2012 australia_corner_pic_5

Викендов Кејси Стонер ќе се збогува со својата домашна патека Филип Ајленд, која е и претпоследна во шампионатот по што Австралиецот ќе се повлече од МотоГП. Се очекува на патеката да присуствуваат рекорден број на гледачи, како што известуваат медиумите од Австралија сите сакаат да се поздрават со шампионот кој ќе се приклучи на листата на успешни тркачи од оваа земја.

Во негова чест, викендов започна со преименување на свиокот бр.3 на патеката во свиок Кејси Стонер, со што неговото име се приклучи на Вејн Гарднер и Мајк Дуан кои веќе имаат „свои“ свиоци. Одговорните од патеката имаат одличен изговор за својата постапка, Стонер на Филип Ајленд четири пати едно по друго стартуваше од пол позицијата и има 5 последователни победи.

„Свиокот бр.3 е мојот омилен во светот, толку е брз што ја исполнувам скоро целата 5-та брзина поминувајќи низ него, проклето брз свиок. Навистина е возбудливо секое возење на Филип Ајленд, а да добиете свиок со вашето име на ваква патека е прекрасно чувство, тоа е привилегија“ - изјави Стонер.

Back To Top