22 годишниот почетник во МотоГП шампионатот беше поканет на тренинг во фудбалскиот клуб Евертон во Англиската Премиер лига.

AU999624

22 годишниот почетник во МотоГП шампионатот беше поканет на тренинг во фудбалскиот клуб Евертон во Англиската Премиер лига.

Смит помина низ напорен 40 минутен фитнес тест кој без проблем го помина и беше прогласен за способен за игра како и секој друг првотимец на Евертон. 

Смит беше специјален гостин на клубот, освен што доби дрес со бројот 38 му беше овозможена и обиколка на сите простории на клубот кој во моментот е на петтата позиција во Премиер лигата.

Ми беше навистина чест што можев да бидам дел од овој врвен спортски колектив, да тренирам со најдобрите спортисти и да зборувам со најголемите умови во светот на спортската наука. Ми подарија и дрес со бројот 38 но не верувам дека менаџерот ќе ме повика за следниот натпревар против Саутемптон во понеделник. изјави Бредли Смит

Фитнес тренингот за Бредли дојде како надополнување на активностите кои ги има со својот тим Yamaha Texh3 пред почетокот на сезоната. Првите тестирања се закажани за 5-ти февруари на патеката Сепанг во Малезија, а шампионатот започнува на 7-ми април во Катар.

Back To Top