motori Dani-Pedrosa-HRCОткако правилото за дебитанти беше отстрането од МотоГП, логичен избор за тимот беше повторно потпишување со Дани Педроза и новајлијата Марк Маркез за 2013 и 2014 година.

Dani-Pedrosa-HRC

Откако правилото за дебитанти беше отстрането од МотоГП, логичен избор за тимот беше повторно потпишување со Дани Педроза и новајлијата Марк Маркез за 2013 и 2014 година.

Хорхе Лоренцо веќе го продолжи својот договор за Јамаха, па со денешните потписи на Педроза и Маркез половина од местата во фабричките тимови веќе се обезбедени за следната сезона. Шпекулациите говорат дека до крајот на неделава ќе го добиеме и четвртиот возач кој би требало да биде Кал Крачлоу во тимот на Дукати!

Интересни се преостанатите две места, но за нив ќе треба да почекаме малку повеќе. Неизвесно е второто место во Јамаха, бидејќи се шпекулира дека Роси би можел повторно да му биде клубски колега на Лоренцо, но тоа ќе зависи и од перформансите на Бен Спиз во следните трки, како и од она што Дукати ќе го направи со својот мотор.

Back To Top