MotoGP

MotoGP: Довициозо не е загрижен поради разликата на табелата

Очекувавме да се мачиме на оваа патека и токму тоа и се случи. И мотоциклот и мојот стил на возење не одговараат на оваа патека, а мислам дека и некои многу мали работи влијаеа на трката. - Довициозо

Следете нè на:

 

Андреа Довициозо вели дека не го загрижува разликата која изнесува 16 поени зад Марк Маркез. Веднаш по трката која се возеше во Арагон, Довициозо изјави дека очекувал оваа патека да биде една од потешките трки за него оваа сезона и додаде дека борбата за титулата се уште е отворена.

dovi aragon

Патеката во Арагон е една од нај непосакуваните трки за Ducati и за Довициозо. По трката на која заврши на седмото место, Довициозо изјави дека знаел дека оваа патека ќе биде само еден посериозен тест за него и за тимот.

„Очекувавме да се мачиме на оваа патека и токму тоа и се случи. И мотоциклот и мојот стил на возење не одговараат на оваа патека, а мислам дека и некои многу мали работи влијаеа на трката. Загубивме многу во свиоците, а доколку имавме повеќе време за тренинг мислам дека ќе можев да се борам со Маверик и Валентино. Но никогаш немаше да можам да се борам со Марк.“

Сепак, Довициозо е убеден дека работите ќе се променат до самиот крај на шампионатот.

„Секако дека ова не беше најдобрата трка и загубивме поени. Но сепак има уште четири трки до крајот. Ќе биде тешко бидејќи Марк е многу брз на секоја патека и на сите услови, а исто така и Маверик е многу добар. Но мислам дека и ние имаме шанси.“

„Добрата работа кај овој шампионат е дека секој момент нешто може да се промени. Некогаш тоа е позитивно, а некогаш негативно, но сепак мислам дека имаме шанса да се бориме за титулата.“

comments

Би можело да ве интересира

Алеш Еспаргаро го заврши првиот ден од тестовите во Австралија на изненадувачкото прво место откако на најдобар начин ги искористи временските услови на Филип Ајленд. На крајот Еспаргаро заврши со предност од 0.005 пред лидерот во шампионатот, Марк Маркез.

Honda Super Cub, кој беше создаден во Јапонија, ја отсликува пасијата на компанијата да им служи на луѓето ширум светот. Како резултат на ваквата политика, Super Cub серијата веќе долго време предизвикува задоволство кај луѓето од целиот свет и успеа да стигне до бројка од 100 милиони произведени примероци.

Сега сме во многу тешка ситуација, особено кога настапуваме на влажни услови. И на суви услови имаме проблеми но барем можеме да бидеме малку поконкурентни.

Бројот на претсезонските тестови во 2019 година ќе биде ограничен и ќе се оддржат само во Сепанг и во Катар пред започнувањето на сезоната.

BMW, Honda и Yamaha ги преземаат следните чекори во примената на паметната технологија.

Патеката во Херез на која ќе се оддржи трката од WSBK шампионатот ќе биде полна со возачи кои се на замена. Големиот број на повреди оваа сезона не ги погодија само регуларните возачи туку и нивните заменици.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!