MotoGP

MotoGP: Довициозо се врати во борбата за титулата по епската борба во Мотеги

Италијанскиот возач успеа да го победи Маркез во последниот круг и сега заостанува само 11 поени зад Шпанецот на три трки до крајот на сезоната.

Следете нè на:

 

Андреа Довициозо ги врати шансите за освојување на титулата по неверојатната победа во последниот круг на трката која се возеше во Јапонија. Италијанскиот возач успеа да го победи Маркез во последниот круг и сега заостанува само 11 поени зад Шпанецот на три трки до крајот на сезоната.

andrea dovizioso marc marquez motogp japanese gp

Хорхе Лоренцо и Дани Педроса го презедоа водството на самиот старт на трката но за кратко време, лидерите на табелата успеаа да се искачат на врвот и да ја направат една од најинтересните борби во последните неколку години.

На крајот, Петручи заврши на третото место и заврши пред возачите на Suzuki, Андреа Ианоне и Алекс Ринс кои го забележаа најдобриот пласман за тимот годинава. Поради контактот што го имаше со Зарко, Лоренцо на крајот заврши како шести. Алеш Еспаргаро беше седми, а Зарко, Вињалес и Баз ги заокружија првите десет места.

Сем Ловс беше најдобриот Британски возач откако заврши на тринаесетото место постигнувајќи го притоа својот најдобар резултат во Премиерната класа. Скот Рединг и Бредли Смит завршија на шеснаесетото и седумнаесетото место а Кал Кратчлоу предвреме ја заврши трката.

Валентино Роси беше уште еден возач кој предвреме ја заврши трката. Деветкратниот светски шампион на крајот имаше и среќа што не заврши со посериозни повреди.

classification 1 copy

Би можело да ве интересира

„Лошо поврзаните гумени црева би можеле да се стопат, да истече горивото и да предизвика пожар“

Менувањето на вашиот автомобил за некое вакво превозно средство ќе го намали загадувањето, а исто така и метежот во сообраќајот.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!