„Имав добар ритам и бев многу блиску до врвот. Но потоа се појавија проблемите. Мотоциклот го промени начинот на кој се однесува и не можев да бидам онолку ефективен колку што посакував. Мораме да научиме како да бидеме подобри на вакви услови“ - Ианоне

Андреа Ианоне си замина од Асен разочаран од настапот кој го имаше на фабричкиот мотоцикл на Suzuki. Иако во 2016 година тимот постојано имаше поплаки од Маверик Вињалес и од Алеш Еспаргаро, се веруваше дека ги подобрија перформансите на мотоциклот за време на дожд. Но трката во Асен ни потврди дека ги чека уште работа.

iannone asen

„Првиот дел од трката беше многу позитивен. Успеав да се пробијам од шеснаесетото место, што не беше воопшто лесно, и да се најдам меѓу првите десет возачи. Имав добар ритам и бев многу блиску до врвот. Но потоа се појавија проблемите. Мотоциклот го промени начинот на кој се однесува и не можев да бидам онолку ефективен колку што посакував. Мораме да научиме како да бидеме подобри на вакви услови.“

Сепак неговиот тимски колега, Алекс Ринс, беше многу позадоволен од својот прв настап после долгата пауза. Во текот на трката Ринс се соочи со неколку проблеми и на крајот заврши на седумнаесетата позиција. Сепак, и покрај тоа, Ринс смета дека имало многу позитивни работи изминатиот викенд.

„Среќен сум поради трката. Позитивно е тоа што искусив неколку различни временски услови. Стартот не беше многу добар и се мачев да го пронајдам вистинското темпо но потоа ми се зголеми самодовербата и успеав да претекнам неколку возачи.“

„Кога почна да врне, ризикував и го променив мотоциклот бидејќи мислев дека дождот ќе се засили. Но тоа не се случи. Можеби загубив на време но се стекнав со драгоцено искуство. Жалам за последниот круг. Не го забележав синото знаме, а позицијата на која се наоѓав му претставуваше проблем на Петручи. Затоа и му се извинив.“

Back To Top