motori cal-crutchlowНа денешната прес конференција пред квалификациите за трката на Брно, Кал Крачлоу ги прекина шпекулациите за неговата иднина. Британецот и следната година ќе го гледаме во Јамаха Теч3 тимот, каде клубски колега ќе му биде сонародникот Бредли Шмит. 

cal-crutchlow

На денешната прес конференција пред квалификациите за трката на Брно, Кал Крачлоу ги прекина шпекулациите за неговата иднина. Британецот и следната година ќе го гледаме во Јамаха Теч3 тимот, каде клубски колега ќе му биде сонародникот Бредли Шмит. 

„Задоволен сум што ја продолжувам соработката со Monster Yamaha Tech 3 тимот за уште една година. Годинава направивме навистина голем напредок заедно и постигнавме одлични резултати и убеден сум дека следната година можеме да бидеме по конкурентни. Јамаха но и Монстер беа навистина фер кон мене, соработуваме долго време и покажаа колку сакаат да ме задржат во тимот. За мене тоа е навистина ласкаво и навистина ја ценам нивната поддршка. Следната година ќе биде мојата петта со тимот на Јамаха, и за мене е возбудливо што ќе ја продолжам кариерата со нив. Теч3 исто така има голема заслуга за мојата одлука да останам во тимот. Откако се приклучив во 2011 тие беа постојано покрај мене, а со моторот кој го добив годинава сигурен сум дека следната година ќе имаме уште подобар пакет. Се надевам дека ќе можам да им се оддолжам следната година освојувајќи подиуми низ сезоната, бидејќи знам дека ќе бидеме способни за тоа.“ - изјави Крачлоу за медиумите.

Крачлоу ќе биде предводник на Британскиот МотоГП тим, на кој ќе се приклучи Бредли Шмит од Мото2 тимот на Теч3. Шмит веќе има три подиуми во Мото2 класата иако тимот имаше повеќе проблеми во текот на целата сезона, па се очекува следната година да го покаже целиот свој потенцијал.

Back To Top