Првиот ден од возбудувањата на патеката Филип Ајленд во Австралија поминаа во знакот на возачите од Хонда Репсол тимот, Кејси Стонер и Дани Педроса. Стонер со време од 1'29.999 го подобри претходниот рекорд на патеката кој го забележа Ники Хејден во 2008-ма..
Првиот ден од возбудувањата на патеката Филип Ајленд во Австралија поминаа во знакот на возачите од Хонда Репсол тимот, Кејси Стонер и Дани Педроса. Стонер со време од 1'29.999 го подобри претходниот рекорд на патеката кој го забележа Ники Хејден во 2008-ма година и со тоа се избори за најдобар резултат на првиот ден од тренинзите. На втората позиција по два извозени тренинга е Дани Педроса со заостанување од 8 десетинки од времето на Стонер, а актуелниот лидер во шампионатот Хорхе Лоренцо оствари трето време.
Кејси Стонер кој утринава доби и свиок со своето име на Филип Ајленд е решен да ја забележи последната победа пред да се повлече од МотоГП, што доколку се оствари ќе им ги замрси сметките на претендентите за титулата, Хорхе Лоренцо и Дани Педроса. Но Австралиецот и претходно изјави дека нема намера да слуша тимски наредби или пак да калкулира со возењето, тој оди на победа, а битката за титулата по се изгледа ќе се решава на последната трка на 11 ноември на патеката Валенсија.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Заради временската разлика третиот тренинг ноќеска започнува во 02.10 часот, а квалификациите се во 05.55 по наше време. Пред да започне тренингот и квалификациите на патеката ќе се појави Мајк Дуан кој ќе извози круг низ Филип Ајленд со подготвена Honda RC213V. Трката во недела започнува во 6 часот изутрина и може да се следи на обичниот СпортКлуб канал или преку интернет на www.frombar.tv/c-10.html