Кал Кратчлоу за прв пат се врати на подиумот по победата на Австралиската Гран При трка минатата сезона откако успеа да го освои третото место на трката која се возеше во Аргентина минатиот викенд.

Кал Кратчлоу за прв пат се врати на подиумот по победата на Австралиската Гран При трка минатата сезона откако успеа да го освои третото место на трката која се возеше во Аргентина минатиот викенд.

kratclou podium

И покрај тоа што беше претекнат од Валентино Роси, Кратчлоу е убеден дека можеше да постигне и подобар резултат доколку не се мачеше со техничките проблеми во текот на целата трка. Смета дека без нив, дури и би можел да се бори со Маверик Вињалес за првото место.

„Убаво е да се искачиш на подиумот после она што ни се случи во Катар. Искрено, задоволен сум со третото место. Уште од самиот старт имав проблеми, но не паничев. Сакав да видам дали ќе можам да ја контролирам ситуацијата и успеав во тоа.“

„Откако ме претекна Роси се обидов да притиснам, но повторно се појавија проблемите и морав да ја намалам брзината. Сите знаеме дека во моментов имаме проблеми со мотоциклот.“

„Но мислам дека извозевме добро. Катар беше катастрофална трка за мене и за мојот тим. Да се освои место на подиумот на првите две трки е одлично. Среќен сум за тимот.“

Back To Top