„Возачите на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес и Валентино Роси ги освоија првите две места на трката во Аргентина, Кал Кратчлоу беше трети, а Марк Маркез падна од мотоциклот додека беше во водство.“

„Возачите на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес и Валентино Роси ги освоија првите две места на трката во Аргентина, Кал Кратчлоу беше трети, а Марк Маркез падна од мотоциклот додека беше во водство.“

pobeda argentina motogp

Маверик Вињалес на трката во Аргентина ја постигна својата втора победа по ред, а актуелниот шампион Марк Маркез се лизна од мотоциклот додека беше во водство.

Вињалес стана првиот возач на Yamaha кој успеа да постигне две победи на стартот на шампионатот по Вејн Рејни во 1990 година. Неговиот тимски колега Валентино Роси успеа да го надмине тешкиот викенд и на крајот го освои второто место, а веднаш зад него се најде Кал Кратчлоу од LCR Honda.

Ова беше уште една лоша трка за Хорхе Лоренцо кој излета од патеката уште во првиот круг по сударот што го имаше со возачот на Ecstar Suzuki, Андреа Ианоне.

На почетокот на трката Маркез за кратко време успеа да направи предност пред Кратчлоу, Вињалес и Роси. Шпанецот постојано ја зголемуваше предноста се додека не ја загуби конттролата над мотоциклот на свиокот број 2. Неговиот тимски колега, Дани Пероса, исто така излета на истиот свиок.

Вињалес успеа да го претекне Кратчлоу во борбата за второто место уште додека Маркез беше на патеката.

На седум круга до крај, „Докторот“ успеа да го претекне Кратчлоу и за кратко време да направи разлика. За Роси ова беше вкупно 350 Гран При трка во кариерата.

Интересно беше и во дуелот меѓу Андреа Довициозо и Алеш Еспаргаро. Во обидот да го претекне, Довициозо беше удрен од мотоциклот на Еспаргаро и излета од патеката. Ова е втора година по ред како поради грешка на друг возач трката завршува прерано за Довициозо откако минатата сезона во борбата за второто место се судри со тогашниот тимски колеги Андреа Ианоне.

Алваро Баутиста го освои одличното четврто место и на крајот заврши пред Зарко и Јонас Фолгер. Данило Петручи заврши како седми и на крајот се најде пред тимскиот колега Скот Рединг. Австралиецот Џек Милер беше девети. Карел Абрахам ги комплетираше првите десет возачи откако успеа да го победи возачот на Avinta Racing, Лорис Бас. Возачите на КТМ, Пол Еспаргаро и Бредли Смит на крајот завршија на четиринаесетото и петнаесетото место а пред нив се најдоа Тито Рабат и Хектор Барбера.

Ианоне заврши на последната позиција поради казната која ја доби на стартот на трката.

Резултати:
1. Maverick Viñales 
2. Valentino Rossi 
3. Cal Crutchlow 
4. Alvaro Bautista 
5. Johann Zarco 
6. Jonas Folger 
7. Danilo Petrucci 
8. Scott Redding 
9. Jack Miller 
10. Karel Abraham 
11. Loris Baz 
12. Tito Rabat 
13. Hector Barbera 
14. Pol Espargaro 
15. Bradley Smith 
16. Andrea Iannone 

Без пласман:
Andrea Dovizioso 
Aleix Espargaro 
Dani Pedrosa 
Sam Lowes 
Alex Rins 
Marc Marquez 
Jorge Lorenzo 

Back To Top