Пол позиција за актуелниот лидер во МотоГП шампионатот. Хорхе Лоренцо ќе стартува од првата позиција на утрешната трка на патеката Брно за трката од ГН на Чешка.
Пол позиција за актуелниот лидер во МотоГП шампионатот. Хорхе Лоренцо ќе стартува од првата позиција на утрешната трка на патеката Брно за трката од ГН на Чешка.
Квалификациите на патеката Брно за трката за ГН на Чешка започнаа по релативно ладна температура на асвалтот од само 29 степени што придонесе првиот дел од квалификациите возачите да го искористат како симулација за утрешната трка која се очекува да се вози во исти услови.
По само 10-на минути од сесијата Хорхе Лоренцо веќе го надмина рекордот за пол позиција на Брно со време од 1:56.144, а Кал Крачлоу неколку минути подоцна дојде до провизорната втора позиција. Во меѓувреме Педроза доживеа лоусајд од кој стана без повреда и замина во боксот од каде 10-на минути подоцна ги продолжи квалификациите.
Следуваше падот на Ренди де Пуние во свиокот бр.5 но за среќа и тој без повреди замина во боксот, а предноста од скоро половина секунда која ја имаше Лоренцо му дозволи да влезе во пит стопот и да направи подолга пауза, па така дури на средината од сесијата тој повторно излезе на патеката.
Потоа го проследивме падот на Кал Крачлоу, Британецот падна во моментот кога сеуште беше на втората позиција, а за среќа падот помина без последици по возачот. Мишел Пиро исто така доживеа пад, но и тој се врати во боксот без повреда иако на почетокот се држеше за левата нога.
На 20 минути до крајот на сесијата Валентино Роси излезе на патеката со нова мека слик гума која го одбележа почетокот на менувањето на гумите кај повеќето возачи и започнувањето на возбудувањата на квалификациите.
Менувањето на гумата за Роси значеше и подобрување на времето па така за кратко Докторот возеше за шеста позиција односно провизорен старт од вториот ред.
На 6 минути до крајот на сесијата сеуште немаше никаква промена во резултатите, првиот ред им припаѓаше на Лоренцо, Крачлоу и Довициозо, за веќе во следната минути Бен Спиз да извози за провизорна трета позиција. Во последните минути Лоренцо успеа да го подобри своето време на 1:55.799 запечатувајќи ја пол позицијата на Брно.
Следеше подобрување на времето на Бен Спиз кој успеа да дојде до втората позиција, но Крачлоу го возврати ударот и го поврати второто стартно место на утрешната трка, а Штефан Брадл за кратко успеа да му го одземе шестото место на Роси, но во следниот круг Докторот го подобри неговото време.
Трката започнува во 14.00 часот по наше време, може да се следи на обичниот СпортКлуб канал или преку стриминг на sportlemon.tv/c-10.html
Квалификации на Брно:
Поз. | Бр. | Возач | Тим | Км/ч | Време | Разлика |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 99 | Jorge LORENZO | Yamaha Factory Racing | 306.8 | 1'55.799 | |
2 | 35 | Cal CRUTCHLOW | Monster Yamaha Tech 3 | 303.3 | 1'55.995 | 0.196 / 0.196 |
3 | 26 | Dani PEDROSA | Repsol Honda Team | 309.9 | 1'56.327 | 0.528 / 0.332 |
4 | 11 | Ben SPIES | Yamaha Factory Racing | 305.6 | 1'56.331 | 0.532 / 0.004 |
5 | 4 | Andrea DOVIZIOSO | Monster Yamaha Tech 3 | 307.5 | 1'56.559 | 0.760 / 0.228 |
6 | 46 | Valentino ROSSI | Ducati Team | 304.1 | 1'56.735 | 0.936 / 0.176 |
7 | 6 | Stefan BRADL | LCR Honda MotoGP | 306.0 | 1'56.827 | 1.028 / 0.092 |
8 | 19 | Alvaro BAUTISTA | San Carlo Honda Gresini | 305.9 | 1'57.068 | 1.269 / 0.241 |
9 | 17 | Karel ABRAHAM | Cardion AB Motoracing | 309.6 | 1'57.773 | 1.974 / 0.705 |
10 | 14 | Randy DE PUNIET | Power Electronics Aspar | 291.2 | 1'57.844 | 2.045 / 0.071 |
11 | 41 | Aleix ESPARGARO | Power Electronics Aspar | 291.5 | 1'58.153 | 2.354 / 0.309 |
12 | 68 | Yonny HERNANDEZ | Avintia Blusens | 286.5 | 1'59.087 | 3.288 / 0.934 |
13 | 24 | Toni ELIAS | Pramac Racing Team | 306.5 | 1'59.120 | 3.321 / 0.033 |
14 | 51 | Michele PIRRO | San Carlo Honda Gresini | 285.1 | 1'59.387 | 3.588 / 0.267 |
15 | 5 | Colin EDWARDS | NGM Mobile Forward Racing | 291.2 | 1'59.863 | 4.064 / 0.476 |
16 | 54 | Mattia PASINI | Speed Master | 285.4 | 1'59.865 | 4.066 / 0.002 |
17 | 77 | James ELLISON | Paul Bird Motorsport | 287.3 | 2'00.316 | 4.517 / 0.451 |
18 | 22 | Ivan SILVA | Avintia Blusens | 285.8 | 2'00.329 | 4.530 / 0.013 |
19 | 9 | Danilo PETRUCCI | Came IodaRacing Project | 272.0 | 2'00.854 | 5.055 / 0.525 |