Во моментов се оддржуваат преговори помеѓу Џек Милер и Pramac за второто слободно место во тимот

Според најновите MotoGP гласини, Џек Милер би можел да биде дел од Pramac Ducati. Младиот Австралиец е пред крајот на три годишниот договор кој го има со HRC, а кој се чини дека нема да биде продолжен. Но можно е тој да остане дел од натпреварувањето бидејќи постојат шанси да потпише договор со Белгискиот тим.

IMGP7561

Од екипата велат дека во моментов течат преговорите меѓу двете страни, а како можни следни дестинации на Милер се Aprilia и Suzuki. Но дали Pramac Ducati се фаворити?

„Во моментов се оддржуваат преговори помеѓу Џек Милер и Pramac за второто слободно место во тимот но и други екипи се заинтересирани за него,“ изјави портпаролот на Ducati.

Последниот пат кога Австралиецот потпиша за Ducati работите на крајот завршија навистина добро. Ако биде потпишан договорот, тогаш Милер ќе го заземе местото на Скот Ридинг и ќе му се приклучи на Данило Петручи во тимот. Англичанецот во моментов има договор директно со Ducati и доколку остане во тимот тогаш би можел да биде испратен во некој од сателитските тимови, Aspar или Avinta, кои се уште ги немаат потврдено возачите за сезоната 2018. Други опции за Ридинг се враќање во Marc VDS, за кого веќе возеше во Moto2 и кој е управуван од неговиот менаџер Мајкл Бартолемју. Дали би можел по трет пат да се врати во тимот?  Екипата веќе потпиша договор со лидерот во Moto2, Франко Морбидели, a Тито Рабат е во преговори со Avinta Ducati.

Back To Top