Скот Рединг се извини за забелешките кои ги упати кон Aprilia по завршувањето на Австриската Гран При трка, а во кои зборуваше за недостатокот од развој и прогрес на RS-GP машината.

Сосема разбирливо тој беше гневен откако забележа одлични резултати на влажни услови но сосема спротивни за време на сувите услови на трката.

„Ова беше еден ужасен викенд бидејќи кога временските услови ни одговараат, можам да бидам навистина добар. Досега ја прифаќав ситуацијата бидејќи немав ниту една сесија која се возеше на влажни услови. Но за време на викендот се потсетив дека можам да се борам со најдобрите возачи. Но потоа патеката се исуши и повторно бевме надвор од конкуренција.“

742801

„Навистина е разочарувачко кога имате ваква трка. Давам се од себе но ништо не се подобрува. На една патека можам да се натпреварувам со мојот тимски колега, како што беше на патеката во Брно и покрај тоа што излетав надвор, но потоа доаѓате тука и дури не можете ни да бидете во иста ситуација со него.“

„Сега треба да заминам на патеката во Силверстоун и насмеан пред сите да кажам дека ќе постигнам добри резултати. А сето тоа е лага. Не можете да направите ништо. Не можете ѓубре да направите да биде злато, а токму тоа се обидувам да го направам. Знам дека звучи остро и дека не треба да го кажам тоа, но таква е ситуацијата. Се обидувате да подобрите нешто што во суштина е просечно.“

Подоцна, на социјалните мрежи, 25 годишниот возач и се извини на фабриката признавајќи дека неговите коментари не биле на место.

„Му должам големо извинување на тимот и на фабриката. Воопшто не е прифатливо она што го кажав во интервјуто после трката. Размислував многу емоционално но зборував со гнев. Треба да бидам пример за останатите.“

„Тимот прави се што може да ја подобри машината. Имаме некои добри делови кои треба да ги тестираме оваа недела и верувам дека овој мотоцикл може да биде компетитивен. Сакам да се извинам за се она што го кажав и ветувам дека ќе научам од ова.“

Back To Top