motori rossi_slideshow_169

Во новото интервју за Даинезе списанието, Валентино Роси зборува за неговата постојана желба за победи и ги коментира останатите случувања во падокот.

rossi slideshow_169 

Во новото интервју за Даинезе списанието, Валентино Роси зборува за неговата постојана желба за победи и ги коментира останатите случувања во падокот.

„За мене најважна е победата. Различно е од било што друго, како дрога е. Всушност тоа е и причината за тркањето. За жал кратко трае, само неколку часа. Следниот ден сакаш повеќе, едноставно никогаш не престанува желбата.“ - изјави Роси.

„Има многу адреналин пред почетокот на трката, но тоа е добро чувство. Но трката е нешто сосема друго, почетокот те носи во нова димензија, се концентрираш и го правиш тоа што треба да го направиш. Се е појасно тогаш.“

Во интервјуто Роси говори и за настаните во падокот и за промените во МотоГП: „-Во изминативе неколку години спортов, а и возачите станаа премногу сериозни. Во минатото поважна беше храброста, сега сите се сериозни и атлетски настроени. Вежбаат и држат диети, едноставно немаат нормален живот. Јас мислам дека треба да можеш и да се забавуваш!“

На крајот како да не можеше да не ја спомене легендарната трка во 2008 на Лагуна Сека со Стонер: „Стонер почна да ме мрази само затоа што загуби. Потоа постојано зборуваше за минатото, за таа трка, едноставно не беше доволно маж да разбере дека на таа трка, тој загуби!“

Извор: „MotoGP.com

Back To Top