Валентино Роси вели дека чувствувал дури и поголем притисок да постигне добар резултат на трката која се оддржа во Аргентина бидејќи тогаш одбележувал посебен јубилеј, 350-ти Гран При настап во кариерата, рекорд  до кој ниту еден возач не е ниту блиску.

Италијанецот имаше добар настап и го освои второто место.

rosi podium

„Мојот механичар, Брент, ми кажа пред стартот на трката: Ова е 350–та трка за тебе, обиди се да биде посебна. Среќен сум бидејќи бев компетитивен од почеток на трката па се до самиот крај. Физички се чувствував добро и тренирав навистина напорно.  И борбата со Кал беше добра бидејќи успеав да го победам.“

Но иако постигна значителен напредок во однос на темпото, сепак има еден проблем – не успеа да го стигне тимскиот колега Маверик Вињалес.

„За жал, Маверик беше малку побрз, но овој резултат е навистина важен за мене и за целиот тим. 1-2 победа за Yamaha е одлично. Мислам дека резултатот немаше да биде поразличен  доколку успеев порано да го претекнам Кал. “

„Патеката е секогаш непредвидлива, а  и во минатото имавме многу проблеми тука. Викендот и врнеше и тогаш мора дополнително да внимаваш.Освоивме важни поени а исто така се чувствував и добро на мотоциклот.“

Back To Top