Андреа Довициозо имаше спектакуларен настап на трката во Барселона и успеа да ја оствари својата втора победа во низа откако минатата недела победи во Муџело и заврши пред Марк Маркез и Дани Педроса.

Андреа Довициозо имаше спектакуларен настап на трката во Барселона и успеа да ја оствари својата втора победа во низа откако минатата недела победи во Муџело и заврши пред Марк Маркез и Дани Педроса.

IMGP8246 copy

Лидер на трката на самиот старт повторно беше Хорхе Лоренцо но за кратко време беше претекнат, најпрво од возачите на Repsol Honda, а потоа и од страна на Довициозо. Италијанецот на крајот успеа да го претекне и Маркез и на крајот заврши со предност од речиси 3.5 секунди.

Во еден момент Лоренцо се најде на осмото место но во последните неколку кругови успеа да се искачи погоре и на крајот заврши на четвртото место пред возачите на Tech 3 Yamaha, Јохан Зарко и Јонас Фолгер. На неколку круга до крајот на трката, возачот кој успеа да се искачи на подиумот во Муџело, Данило Петручи, излета од патеката.

IMGP8301

Алваро Баутиста повторно имаше добар настап и на крајот заврши како седми пред Валентино Роси, Хектор Барбера и Маверик Вињалес.

Најдобриот британски возач беше Кал Кратчлоу кој заврши на единаесетото место, Скот Рединг беше тринаесетти, а Сем Ловс на крајот се најде на деветнаесетото место. Бредли Смит не ја стартуваше трката откако за време на слободниот тренинг го повреди прстот.

Back To Top