MotoGP

MotoGP: Втора победа за Лоренцо во низа

Хорхе Лоренцо (Ducati) постигна победа на трката која овој викенд се возеше на патеката во Каталонија.

Следете нè на:

 

На крајот, тој успеа да стигне до неговата втора последователна победа со предност од 4 секунди. Марк Маркез (Repsol Honda) трката ја заврши на второто место и ја зголеми предноста во генералниот пласман, а трета трка по ред, Валентино Роси (Movistar Yamaha) завршува на третата позиција.

734387

Исто како и на трката во Муџело и трката во Барселона ја одбележа Лоренцо. Но овој пат, возачот на Ducati, не стартуваше од пол позицијата. Андреа Ианоне (Suzuki Ecstar) на стартот успеа да се пробие на втората позиција, а веднаш зад него беше Лоренцо.

Сепак, Шпанецо не остана долго на таа позиција. Веќе во вториот круг тој успеа да ги претекне Ианоне и Маркез. Неговиот тимски колега Андреа Довициозо се наоѓаше на третото мето но во деветиот круг од трката тој излета надвор од патеката. Ова за него е трет пат оваа сезона како на ваков начин ја завршува трката и со тоа сериозно му се намалуваат шансите за освојување на титулата.

Валентино Роси трката ја заврши со заостанување од 3.2 секунди зад второто место додека пак разликата меѓу Лоренцо и Маркез во еден момент изнесуваше нешто повеќе од една секунда. Сепак, неколку круга по ред, Лоренцо постигнуваше време од 1,40 секунди по круг и на крајот успеа да направи разлика од 4.479 секунди.

Роси беше осамен на третата позиција и успеа уште еднаш да се искачи на подиумот. Кал Кратчлоу (LCR Honda Castrol) беше четврти. Британецот неколку круга се бореше за подобар пласман со возачот на Honda, Дани Педроса кој на крајот сепак мораше да се задоволи со петото место.

А продолжуваат проблемите на стартот за Маверик Вињалес (Movistar Yamaha) кој иако стартуваше од четвртото место, првиот круг го заврши на десетата позиција. На крајот, Шпанецот успеа да стигне до шестото место и да заврши пред Јохан Зарко (Monster Yamaha Tech 3). Данило Петручи (Alma Pramac Racing) целната линија ја помина како осми најбрз возач додека пак Алваро Баутиста (Angel Nieto Team) беше седум ссекунди зад него и на крајот се најде на деветата позиција.

По добриот старт, Ианоне падна долу на табелата и на крајот трката ја заврши на десетото место. Пол Еспаргаро (Red Bull KTM Factory Racing) четврти пат по ред се наоѓа на единаесетото место. Скот Рединг  (Aprilia Racing Team Gresini) и Карел Абрахам (Angel Nieto Team) на крајот се најдоа на дванаесетото и тринаесетото место.

Бредли Смит(Red Bull KTM Factory Racing) кој во првите неколку круга беше на осмата позиција, не успеа да ја заврши трката, а покрај него до крајот не успеаа да извозат и Мика Калио (Red Bull KTM Factory Racing), Силвиан Гинтоли (Team Suzuki Ecstar), Том Лути (EG 0,0 Marc VDS), Алеш Еспаргаро ( Aprilia Racing Team Gresini) и Хавиер Симеон (Reale Avintia Racing).

Хафиз Сиахрин (Monster Yamaha Tech 3) иако изгледаше дека на крајот ќе се најде меѓу најдобрите десет возачи, сепак и тој излета надвор од патеката. Тешкиот викенд кој го имаше Алекс Ринс (Suzuki Ecstar) продолжи и за време на трката и тој во дванаесетиот круг мораше предвреме да се повлече. Џек Милер (Alma Pramac Racing) трката ја заврши во осумнаесетиот круг, а предвреме мораше да заврши и Тито Рабат (Reale Avinita Racing) откако се запали неговиот мотоцикл.

mgp 1

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.