MotoGP

MV Agusta се враќа на Гран При трките

MV Agusta по пауза од 40 години повторно ќе биде дел од Гран При трките. Легендарната Италијанска компанија од 2019 година ќе биде дел од Moto2 серијата.

Следете нè на:

 

Поранешниот MotoGP тим, Forward Racing потпиша четири годишен договор за користење на  мотоциклите на MV Agusta и следната година ќе биде дел од средната класа. Новиот мотоцикл, својот прв тест ќе го има во јули во пресрет на деби настапот кој ќе се случи наредната година.

Ова ќе биде прв настап за компанијата по 1976 годината кога Џакомо Агостини победи на последната трка за MV Agusta која се оддржа на патеката во Нирнбургринг.

Giacomo Agostini MV Agusta 500 770x433

Во својата историја, компанијата има освоено 18 титули во категоријата од 500cc помеѓу 1956 и 1974, а дел од тимот беа Џон Суртес, Гери Хокинг, Мајк Хеилвуд, Фил Рид како и Агостини пред четири тактните мотоцикли да бидат замененети со Јапонските дво тактни кон крајот на седумдесетите години.

Натпреварувањето го напуштија во 1976 година откако компанијата се соочи со финансиски проблеми.

Брендот се врати на трките во 2014 година преку нов тим кој е дел од Светскиот Супербајк шампионат, а во кој Жорди Торес настапува со MV Agusta 1000 F4.

Forward настапува во Moto2 со мотоцикли на Suter. Дел од тимот се Ерик Гранадо и Стефано Манзи, а во првите четири трки од сезоната ниту еден возач нема освоено поени.

Suter, кој минатата година одлучи да се повлече од натпреварувањето но веднаш потоа ја промени одлуката, ќе ги обезбеди вилушките за мотоциклите на MV Agusta. Triumph ќе биде задолжен за моторот како дел од договорот да се замени Honda како единствен снабдувач со мотори во серијата.

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.