thumb_PER-SIMONCELLI-2-FOTOCUOMOweb_600xФудбалскиот клуб Наполи му оддаде почит на Марко Симончели на натпреварот против Болоња кој се одигра денеска. На 20-ти јануари Марко ќе наполнеше 25 години, па целта на клубот беше да му оддаде почит на големиот мајстор.

PER-SIMONCELLI-2-FOTOCUOMOweb_600x

Фудбалскиот клуб Наполи му оддаде почит на Марко Симончели на натпреварот против Болоња кој се одигра денеска. На 20-ти јануари Марко ќе наполнеше 25 години, па целта на клубот беше да му оддаде почит на големиот мајстор.

PER-SIMONCELLI-MAGGIO-1-FOTOCUOMOweb_600x

Симончели и Наполи ги поврзува Сан Карло, компанијата која е спонзор на фудбалскиот клуб но и на Хонда Гресини, тимот за кој возеше Симончели. Денешниот натпревар беше посветен на мото ѕвездата, а на него присуствуваа родителите на Симончели како и Фаусто Гресини, сопственикот на Хонда Гресини тимот.

PER-SIMONCELLI-3-FOTOCUOMOweb_600x 

Пред почетокот на натпреварот на Пол и Скарлет Симончели (родителите на Марко) им беше предаден дрес со презимето Симончели, потпишан од сите играчи на Наполи. Реакцијата на раководството беше поздравено со овации од сите присутни на стадионот „Сан Паоло“.  Тимот на Наполи за нас е познат по Горан Пандев кој настапи на вечерашниот натпревар и ги одигра сите 90 минути.

Back To Top