Поранешниот MotoGP шампион се поднови со нова куќа на двe нивоа, вредна 4,25 милиони долари.

1432105

Поранешниот MotoGP шампион се поднови со нова куќа на двe нивоа, вредна 4,25 милиони долари.

Се лажете ако мислите дека Кејси Стонер ќе се пензионира и ќе го помине остатокот од својот живот одгледувајќи говеда и жито на својот голем ранч од 1200 хектари, дека ќе лови риби и животни и ќе се вози со мотокрос низ неговиот ранч додека ја гледа неговата фамилија како расте.

Поранешниот MotoGP шампион не само што ќе се натпреварува во Австралиската Данлоп серија (иако тој ги демантираше овие шпекулации), туку тој реши и да се поднови со оваа куќа на двe нивоа, вредна 4,25 милиони долари во „Sanctury Cove“, која е една од најдобрите Австралиски затворени населби на Златниот брег.

Новата куќа на Кејси Стонер има 5 спални соби, секоја со посебна бања и гардеробер, канцеларија, три големи соби за дневен престој, спортска сала, домашно кино, две надворешни, покриени места за рекреација и гаража за десет автомобили (20 мотори).

Според BRW, во 2012 година Стонер беше рангиран на четвртото место на Австралиската листа на спортисти со најголема заработка со 8 милиони долари годишно.

Back To Top