Дани Педроса водеше возбудлива битка со тимскиот колега Марк Маркез на квалификациите во Херез, искусниот Шпанец на крајот излезе како победник за прва пол-позиција по 2015

Дани Педроса водеше возбудлива битка со тимскиот колега Марк Маркез на квалификациите во Херез, искусниот Шпанец на крајот излезе како победник за прва пол-позиција по 2015

PA2147756.0008

Хонда го запоседна првиот ред на квалификациите во Херез, а тимските колеги Дани Педроса и Марк Маркез приредија мало шоу за домашната публика.

Актуелниот шампион во првиот летечки круг постави најбрзо време од 1:38.300, но Дани Педроса одговори со 1:38.249 во вториот брз круг.

Марк Маркез во последните секунди се обиде да му ја украде пол-позицијата на својот тимски колега, беше многу брз во првите три сектори, но во последниот направи мала грешка и на крајот заврши како втор со време од 1:38.298.

Последното место во првиот ред му припадна на Кал Крачлоу.

Во вториот ред се најдоа Маверик Вињалес, Андреа Јаноне и Жоан Зарко, додека пак во третиот ред се Валентино Роси, Хорхе Лоренцо и Јонас Фолгер.

Утрешната трка е со почеток од 14 часот.

Back To Top