MotoGP

Петручи: Не е тајна дека сакам да сум дел од фабричкиот тим на Ducati

Данило Петручи ја започна борбата за место во фабричкиот тим на Ducati во сезоната 2019 со добар настап на трката во Катар откако во поголемиот дел тој се наоѓаше во првата група на возачи.

Следете нè на:

 

Возачот на Pramac стартуваше од првиот ред и беше цврсто решен на крајот да се најде на подиумот. Сепак, меките пневмаитици со кои настапи беа премногу слаби за дополнителниот интензитет кој го има една MotoGP трка.

На крајот, тој успеа да ги претекне Дани Педроса и Јохан Зарко и да заврши на петото место.

IMGP8621 copy

Италијанецот беше само една секунда побавен од најдобриот сателитски возач, Кал Кратчлоу. Од возачите на фабричкиот тим, Андреа Довициозо заврши на првото место додека пак Хорхе Лоренцо мораше предвреме да ја заврши трката поради проблеми со сопирачките.

Петручи, кој настапува со истиот мотоцикл како и Довициозо и Лоренцо се обидува да го убеди тимот дека е достоен да се натпреварува за нив следната сезона.

„Не е тајна дека го сакам тоа место“, вели Петручи. „Сакам да бидам фабрички возач, и ваквите добри трки се од голема корист. Но да не заборавиме дека морам да се борам со најдобрите возачи кои некогаш биле дел од MotoGP.“

Иако предвиде дека Маркез и Довициозо ќе бидат најдобрите возачи на патеката сепак вели дека е изненаден од настапот на Роси.

„Од една страна сум среќен бидејќи првата трка е секогаш исполнета со притисок, но од друга страна сум малку разочаран. За време на тренинзите бев постојано на врвот но знаев дека Марк и Дови имаат нешто повеќе од мене. Довициозо искуство, а за Маркез не знам, можеби повеќе лудило.“

„Но си реков дека има уште едно место на подиумот и тоа би можел да бидам јас. Но го заборавив Роси, а тој е секогаш тука.“

„Работев добро на симулациите но на трката ме претекнаа неколку пати бидејќи бев малку послаб при вртењето и при излегувањето од свиок. Не бев толку добар колку што бев во минатото. Педроса ме претекна во седмиот или осмиот свиок, а во тој момент првите тројца возачи се одалечија. Морав да ги претекнам Педроса и Зарко, а во тој момент Кратчлоу и Роси се одалечија.“

„Добро е кога си разочаран со освоено петто место особено кога знаеш дека од врвот те делат само три секунди. Како што ви кажав, целта ми беше место на подиумот. Но од друга страна и сум задоволен бидејќи освоив повеќе поени во споредба со минатата сезона.“

„Мислам дека оваа сезона можеме да се бориме за нешто повеќе. Сакам да сум најдобриот независен возач и имам шанси за тоа. Мислам дека борбата ќе биде со Крачлоу и Зарко.“

„Не загубивме но не ни победивме. Не можам да кажам дека сум среќен ниту пак дека сум разочаран. Сакам веднаш да настапам на друга трка но тоа е невозможно.“

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!