Сместена во Тоскана во близина на бисерот на Италија, Фиренца, природната убавина на автодромот е приказна сама по себе. Преполн со фанови кога се оддржува трката и кога присуствува Валентино Роси, оваа трка е една од највозбудливите во шампионатот. Ова е повеќе од еден обичен тркачки викенд. Ова е фестивал на кој се слави брзината, натпреварувањето и мотоциклизмот.

Сместена во Тоскана во близина на бисерот на Италија, Фиренца, природната убавина на автодромот е приказна сама по себе. Преполн со фанови кога се оддржува трката и кога присуствува Валентино Роси, оваа трка е една од највозбудливите во шампионатот. Ова е повеќе од еден обичен тркачки викенд. Ова е фестивал на кој се слави брзината, натпреварувањето и мотоциклизмот.

racing mug22169 0.big

Возачите нема да се борат само за освојување на 25-те поени кои ги носи првото место. По трагичната смрт на легендарниот Ники Хејдн, овој викенд ќе му биде посветен нему. Работната етика, пасијата и посветеноста кон тркањето се она што Хејдн го однесе од Кентаки до MotoGP. Тоа ќе биде и целта на секој возач овој викенд. Да се прослави животот на еден од најдобрите возачи кој некогаш бил дел од шампионатот. Тој беше познат по неговиот слоган „Lets Get it“, а токму и тоа ќе го направат возачите викендов.

Главен викендов ќе биде домашниот возач, Валентино Роси. Посветеноста која домашните фанови му ја даваат на „докторот“ ја нема на ниту едно друго место на светот. Деветкратниот Светски шампион отсекогаш постигнувал фантастични резултати на оваа патека. На последната трка во Франција, во обид да го стигне тимскиот колега Маверик Вињелес, Роси излета од патеката во последниот круг. Сепак, разликата до лидерската позиција не е голема и фановите сигурно ќе му дадат дополнителна поддршка во борбата за победа.

46 valentino rossi italg5 1560.middle

Вињалес, кој моментално е лидер со предност од 17 поени, ќе биде возачот кој ќе се обиде да го победи. Шпанецот сигурно ќе сака да покаже дека поседува нешто повеќе од само брзина. Веднаш за Вињалес доаѓа Дани Педроса кој исто така има предност која планира да ја одбрани.

Откако падна во Аргентина, Педроса постојано вози на работ. Од победа на трката во Херез па се до тринаесетото место во Франција, „малиот самурај“ од трка во трка вози се подобро. Од неговиот тимски колега Марк Маркез, се очекуваат добри резултати откако не успеа да ја заврши трката во Франција. Првата победа на оваа патека ја постигна уште додека возеше во класата од 125 cc, а во 2014 година исто така оствари победа тука. Едно е сигурно, тој ќе се бори за победа и на оваа трка со цел да се врати во борбата за титулата.

Возачот кој постигна победа минатата сезона, Хорхе Лоренцо, на оваа патека постојано завршува на едно од првите две места. Но тој сега се соочува со поинаков предизвик. Неговата машина не е иста со минатата година, а борбата за првата позиција ќе биде многу потешка отколку на трката во Ле Ман. Сепак тој заедно со Андреа Довициозо ќе ја добијат поддршката од домашната публика благодарение на Дукати.

99 jorge lorenzo esplg5 0723.middle

Поддршката за Италијанските возачи нема да запре тука. Андреа Ианоне освои поени во Франција и сигурно ќе се обиде да го направи истото и во Муџело. Данило Петручи исто така ќе ја има наклонетоста на фановите, а Јохан Зарко очекува уште еден импресивен настап.

Алеш Еспаргаро и Сем Ловс ќе се обидат да остварат позитивен резултат за тимот на Aprilia Racing, а и фабричкиот тим на КТМ исто така ќе се обиде да освои поени.

Интересна патека и публика каква што нема на друго место. Со оглед на тоа дека има голем број на возачи кои можат да го освојат првото место, трката сигурно уште долго ќе се памети. Ние ќе бидеме присутни на патеката и ќе се обидеме да ви ја доловиме магијата на Муџело. Овој викенд возачите ќе се борат за освојување на 25-те поени но пред се ќе возат во чест на Ники Хејдн.

Продолжи да возиш, Ники.

Back To Top