Финците ќе добијат патека на која меѓу другото, ќе се возат и трки од МотоГП шампионатот. Трошоците за изградбата на патеката изнесуваат 16,5 милиони евра. Влада на РМ се слушаме ли?

Продолжува изградбата на КимиРинг мотоцентарот во Финска откако Министерството за образование и наука одобри грант во висина од 3,5 милиони евра.

paasuora idasta edit 1 of 1 1024x575

Ваквиот грант следува откако Финската влада неодамна соопшти дека организаторите ќе добијат помош само ако успеат да најдат и приватни фондови.

Финското министерство за образование претходно веќе им има доделено еден грант во висина од 3 милиони евра, а делот кој треба да го обезбедат инвеститорите изнесува 10 милиони евра. Министерот за Европски прашања, Култура и Спорт, Сампо Теро вели дека е задоволен бидејќи проектот продолжува да се развива.

„КимиРинг мотоспорт центарот е уникатен проект. Тоа го охрабрува Финскиот мотоспорт и ќе ни овозможи да организираме меѓународни натпреварувања како што е MotoGP трката“ изјави Теро.

Претседателот на бордот на директори на КимиРинг, Кари О.Солберг исто така е задоволен од одлуката на владата.

„Финска е позната како земја која има многу успешни тркачи. Но се досега немавме соодветна патека за да организираме голем меѓународен настан.  Локацијата на која се наоѓа патеката е одлична и за организирање на многу други настани,“ вели Солберг.

Сопственици на патеката се „AKK Sports Oy“ (која е во сопственост на Финската Мото Федерација), Финската Мотоциклистичка Федерација („SML“), компанијата за недвижнини „A. Ahlström Kiinteistöt Oy“ како и општината Ити.

„Ова е голем момент за Финскиот мотоспорт,“ изјави Тапио Невала, претседател на SML.  „Веќе десет години работиме напорно на овој проект и сега тој стана реалност. КимиРинг ни овозможува да организираме трка од MotoGP шампионатот.“

„Многу сум среќен поради оваа информација,“ изјави д-р Волфганг Срб,  претседател на FIM Europe. „Знам колку напорно работеше Финската федерација на негово остварување. КимиРинг ќе биде најдобрата патека во Скандинавија и ќе овозможи оддржување на многу светски и национални натпреварувања.“

Извор: ФИМ

Back To Top