Официјалната промоција на новото Ducati Desmosedici GP13 со кое Ники Хејден и Андреа Довициозо ќе настапат во МотоГП шампионатот е закажано за утре, на „Wroom“ настанот, но вечерва излезе и првата шпионска фотка.

anteprima-ducati-gp13

Нашите пријатели од Gp-inside кои се присутни на настанот беа доволно љубезни да ја споделат сликата, но за деталите од новото Дукати ќе треба да се стрпиме до утре. На прв поглед, очигледни се промените на задниот дел но да не шпекулираме, утре ќе биде се познато.

Истиот мотор (само во боите на тимот) ќе го возат Бен Спиз и Андреа Ианон кои годинава настапуваат за „Factory Team Pramac“.

Back To Top