MotoGP

Распоред за следење на МотоГП Катар

МотоГП шампионатот официјално започнува денеска со првите тренинг сесии. Погледнете го распоредот за викендот и не заборавајте, МотоГП трката во недела започнува во 17 часот по наше време.

Следете нè на:

 

Прекрасната патека Лосаил лежи на работ од Доха, главниот град на Катар. Беше изградена за помалку од една година, а нејзината изградба чинеше 58 милиони американски долари, и вклучи ангажирање на повеќе од 1000 работници кои деноноќно работеа за патеката да биде подготвена пред почетокот на првата трка во 2004 година.

katar motogp

Патеката има должина од 5,4 километри, а обиколена е со вештачка трева која треба да го спречи песокото од околината да навлезе на патеката. Составена е од 16 свиоци од кои 6 се леви, а 10 десни. Најдолгиот правец изнесува 1068 метри, а најголемата брзина забележана на патеката изнесува 351,2 км/ч.

Со поставувањето на надворешното осветлување, во 2008 за прв пат во историјата се возеше ноќна трка, нешто по што остана препознатлива трката за Големата Награда на Катар.

Возбудувањата започнуваат денеска според следниот распоред:

Петок 16.03.2018 | Спорт Клуб 1
10:50 MOTO GP QATAR: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 1
11:45 MOTO GP QATAR: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 1
12:45 MOTO GP QATAR: MOTO GP – ТРЕНИНГ 1
15:10 MOTO GP QATAR: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 2
16:05 MOTO GP QATAR: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 2
17:05 MOTO GP QATAR: MOTO GP – ТРЕНИНГ 2

Сабота 17.03.2018 | Спорт Клуб 3
10:40 MOTO GP QATAR: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 3
11:35 MOTO GP QATAR: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 3
12:35 MOTO GP QATAR: MOTO GP – ТРЕНИНГ 3
14:45 MOTO GP QATAR: MOTO 3 – КВАЛИФИКАЦИИ
15:40 MOTO GP QATAR: MOTO 2 – КВАЛИФИКАЦИИ
16:40 MOTO GP QATAR: MOTO GP – ТРЕНИНГ 4
17:20 MOTO GP QATAR: MOTO GP –  КВАЛИФИКАЦИИ

Недела 18.03.2018 | Спорт Клуб 1
14:00 MOTO GP QATAR: MOTO 3 – ТРКА
15:20 MOTO GP QATAR: MOTO 2 – ТРКА
17:00 MOTO GP QATAR: MOTO GP – ТРКА


За оние кои немаат Спорт Клуб во својата ТВ понуда, стриминг е достапен на http://www.sportcategory.com/c-10.html

Би можело да ве интересира

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.