MotoGP

Ренди Мамола именуван за MotoGP легенда

Ренди Мамола ќе биде последното име кое ќе се најде на официјалната листа на MotoGP легенди.

Следете нè на:

 

Возејќи заедно со некои од најголемите имиња на мотоспортот, Мамола постигна 13 победи, 57 пати се најде на подиумот но сепак на крајот не успеа да стигне до титулата.Тој беше познат по агресивниот стил на возење во текот на неговата кариера во седумдесетите и осумдесетите години на минатиот век, а покрај тоа и по големата дарежливост. Тој е коосновач на непрофитната организација „Riders for Health“.

Randy Mamola MotoGP Legend 01

Тој се уште е дел од светот на мотоциклите и многу често може да се забележи во гаражите на MotoGP тимовите, помагајќи им на возачите, комуницирајќи со големиот број на фанови, а понекогаш и карајќи се со новинарите.

Исклучително популарен меѓу фановите на мотоциклизмот, Мамола се натпреваруваше во време кога се тркаа можеби најдобрите возачи кои некогаш се нашле на патеката, Вејн Гарднер, Фреди Спенсер и Кени Робертс јуниор.

Мамола, кој четири пати се најде на второто место во генералниот пласман, од тркањето се повлече во 1992 година.

„Не очекував дека вака ќе ми започне денот но морам да признаам дека навистина сум изненаден. Кога им кажав на мојата жена и син најпрво ми честитаа, а потоа почнаа да ме задеваат дека сега ќе мораат да живеат со легенда. MotoGP е мојот живот и сум дел од трките веќе 39 години. Од првиот пат кога се најдов во гаражите, на само 19 години, па се досега видов секакви работи. Голема чест и привилегија е да бидете дел од ваква листа.“

„Исто така среќен сум што целиот настан ќе се случува во Тексас и голем број на мои пријатели и роднини ќе имаат можност да присуствуваат. Се надевам дека ќе можам да се оддолжам за ова признание. Мислам дека сум единствениот возач кој нема освоено титула но кој ја има добиено оваа награда.”

Мамола ќе ја добие наградата за време на оддржувањето на MotoGP трката во Остин, Тексас.

Randy Mamola MotoGP Legend 03

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!