MotoGP

Романо Фенати, човекот кој заслужува доживотна суспензија

Вестите за Moto2 шампионатот не секогаш се наоѓаат на врвот, но убеден сум дека имате слушнато за она што се случи за време на трката која овој викенд се возеше во Сан Марино.

Следете нè на:

 

За оние од вас кои доцнат со приказната,  во изминативе неколку дена многу се зборуваше за инцидентот во кој Романо Фенати му ја притисна предната сопирачка на Стефано Манци. Во тој момент, двајцата возеа со брзина од 200 километри на час.

Овој инцидент, кој беше снимен од камерите, е само еден од низата инцидент помеѓу овие двајца возачи за време на викендот. Манци и Фенати неколку пати за време на трката имаа близок контакт. Но сепак фокусот на попладневната трка останува на неверојатниот потег кој го направи Фенати.

fenati incident

За сите оние кои беа дел од публиката или пак кои трката ја следеа од дома, мораме да ви кажеме дека бевте дел од еден од најнеодговорните работи што можат да се случат за време на една трка. Настан за кој слободно можеме да кажеме дека е обид за убиство.

Токму поради оваа причина не ни се верува дека Фенати ќе може да продолжи да се натпреварува откако ќе му истече казната од 2 трки.

Суспензија од само две трки?

Кал Кратчлоу најубаво тоа го кажа за време на пресконференцијата која се оддржа веднаш после трката. На прашањето што мисли за инцидентот, Кратчлоу мирно одговори: „Мислам дека тој никогаш повеќе не треба да се трка.“

„Требаше веднаш да си замине во гаражата, а неговиот тим да го исфрли надвор од екипата. Не можете да му направите нешто такво на некој ваш колега. Мислам дека доволно си ги ризикуваме животите,“ изјави Кратчлоу на што доби аплауз од присутните.

Малку поблаг во критиката беше Марк Маркез кој порача дека директорите на трката треба да доделат таква казна за во иднина ниту еден возач да не помисли да го направи истото.

Затоа, уште еднаш го поставувам прашањето:  Зошто Романо Фенати се уште има дозвола за тркање? Според моменталната одлука, 22 годишниот возач ќе ги пропушти следните две трки од сезоната. Оваа казна е иста како и за некој помал, технички прекршок.

Лош актер

Овој инцидент не дојде одеднаш. Но она што се случи денеска не може да се опише како нервоза или пак незрелост, работи кои често го следат Фенати.

Интересно, но само неколку моменти пред да се случи инцидентот, коментаторите на трката зборуваа зошто Фенати доби црно знаме на трката.  Еден од нив рече дека можеби тоа е бидејќи Фенати влезе во гаражата само за да им вика на своите механичари, а веднаш потоа да се врати на трката. Ова е чисто прекршување на правилата, нешто што досега му се има случено на Италијанецот.

Неговиот темперамент е добро познат во гаражите. Токму поради ова пред две години беше отстранет од Sky VR|46. Тогаш напишавме дека Фенати е отпуштен од тимот поради проблеми со однесувањето. Италијанецот премногу лошо се однесувал со членовите на неговиот тим и воопшто не бил професионален.

Малкумина се изненадени дека работите воопшто не се променети.

Одамна помина времето на младиот возач кој  ги освои симпатиите на публиката откако во својата прва трка од Moto3 серијата успеа да дојде до второто место. Приказната да биде уште поинтересна, во следната сезона тој требаше да му се приклучи на MV Agusta Moto2 проектот и да биде тимски колега токму со Манци. 

Romano fenati

Обид за убиство

Проценувајќи ги настаните што се случија на патеката, нема сомневање дека Фенати намерно ја притисна сопирачката на Манци. Тој се доближи до неговиот мотоцикл и ја притисна кочницата.

Постои само една причина да направите нешто вакво на некој што вози со брзина од 200 километри на час. Тоа е да направите да падне и да му предизвикате некаква повреда. Среќни сме што не дојде до тоа. Мотоциклот на Манци почна да се клати но набрзо се стабилизираше. Но работите можеа да бидат многу полоши.

А доколку се случеше тоа, ќе имавме многу посериозен разговор. Само поради голема среќа овој инцидент можеме да го наречеме обид за убиство. За време на трката се случи настан во кој еден возач намерно се обиде да му наштети на друг возач. Ова се нарекува напад.

Делото на Фенати кое можеше да предизвика смрт кај Манци не тера целиот овој инцидент да го наречеме обид за убиство.

Сето ова не го правиме само за да добиеме некоја сензационална вест. Сите бевме сведоци на она што се случи за време на трката. Никој не може да каже дека Фенати случајно ја допре сопирачката на Манци.

Многу често, за време на трките, забораваме дека тука важат истите закони како и надвор од патеката. Можеби некои работи не се толку ригорозни, но повеќето правила се исти.

Секако, сега се зависи од Италијанскиот правен систем да одлучи каква казна треба да добие Фенати после овој инцидент.

Се сложувам со Маркез дека Фенати треба да добие висока казна за ниту еден возач во иднина да не помисли повторно да направи нешто вакво. А исто така се сложувам и со мислењето на Кратчлоу, никогаш повеќе не треба на Фенати да му се дозволи да се натпреварува.

Во меѓувреме, сите работи кои се пред нас ни покажуваат еден млад и талентиран возач кој никако не може да се справи со темпераментот. А со текот на времето, неговите испади стануваат се полоши.

Мислам дека сега е вистинскиот момент за овој млад возач да прекинеме да велиме дека е темпераментен. Бидејќи тоа денеска некој можеше да го чини живот.

За сите оние кои мислат дека Фенати треба да продолжи да се напреварува, ќе ви поставам само едно прашање. Дали можете да бидете 100% сигурни дека тој нема да му го направи истото и на некој друг возач?

Ако сметате да, тогаш очигледно не сакате да ги видите доказите кои стојат пред вас. Доколку вашиот одговор е негативен, тогаш на овој млад возач никогаш во иднина не треба да му се дозволи пристап до тркачка патека. Во секој случај тимот денеска го направи она што се очекуваше и што беше нормално да се направи, му го прекина договорот и тој повеќе нема да биде дел од нивниот тим, а се надеваме ниту дел од некој друг тим.

Би можело да ве интересира

Крајот на сезоната е одлична можност да се опремите со нова кацига по навистина поволна цена.

Марк Маркез се доближи еден чекор поблиску до освојување на титулата откако имаше импресивен настап пред домашната публика на трката која се возеше во Арагон.

Марк ми ја уништи трката, ми ја повреди ногата. Знае дека погреши! - Хорхе Лоренцо

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!