thumb_2012_Bradl_Action_Day_One_Sepang_Test_01По двомесечна пауза тимовите и возачите се вратија во Малезија на патеката Сепанг каде се одржува првиот официјален зимски тест. Штефан Брадл откако во 2011 ја освои титулата во Мото2 класата, оваа сезона ќе ги брани боите на LCR Honda МотоГП тимот.

2012_Bradl_Action_Day_One_Sepang_Test_01

По двомесечна пауза тимовите и возачите се вратија во Малезија на патеката Сепанг каде се одржува првиот официјален зимски тест. Штефан Брадл откако во 2011 ја освои титулата во Мото2 класата, оваа сезона ќе ги брани боите на LCR Honda МотоГП тимот.

_GIS1142

Дебитанскиот настап на RC213V за Брадл го донесе 11-то место од вкупно 17 возачи кои денеска се појавија на патеката. „Задоволен сум од првиот настап со новиот мотор. По само неколку круга бев импресиониран од можностите на новата Хонда, а она што ме изненади беше фактот дека моторот не бараше голема физичка поготвеност за кој се подготвував во текот на зимскиот период. Денешниот прв ден го посветивме на мојата позиција при возењето, потоа работевме на електрониката и на различните гуми, па така најдоброто време го поставив со тврда компонента. Засега можам да кажам дека ова беше продуктивен ден за сите, сега останува да ги погледнеме податоците детално, и да продолжиме со подобрувањата следните денови.“

2012_Bradl_Pit_Garage_Day_One_Sepang_01

Back To Top