Triumph сака да знаете дека забрзано се подготвува за Moto2 шампионатот во 2019 во кој сите мотоцикли во серијата ќе бидат опремени со три цилиндричниот мотор на Британската компанија.

Triumph сака да знаете дека забрзано се подготвува за Moto2 шампионатот во 2019 во кој сите мотоцикли во серијата ќе бидат опремени со три цилиндричниот мотор на Британската компанија. За тестирањето, тие го ставија моторот со зафатнина од 765cc на својата суперспорт машина и го направија Triumph Daytona 765. Со помош на  возачот од Moto2 серијата, Џулијан Симон, компанијата го тестираше моторот на патеката во Арагон со цел да ги види неговите перформанси и издржливост.

Triumph Daytona 765 Moto2 test bike 10

„Се наоѓаме на вистинскиот пат,“ изјави Стив Сарџент, главен директор за производство на Triumph. „Задоволни сме од брзината која ја постигнува Џулијан и досегашните податоци се навистина позитивни. Веруваме дека ќе обезбедиме мотор од кој ќе бидат задоволни како тимовите така и фановите.“

Компанијата потпиша три годишен договор со Dorna за да обезбедува мотори за Moto2 шампионатот. При создавањето на моторот, од компанијата ги направија следниве промени:

  • Модификувана главата на цилиндарот со ревидирани влезни и издувни приклучоци за оптимизиран проток на гас.
  • Титаниумски и покрути вентили за поголем број на вртежи.
  • Тркачки алтернатор за помала инерција.
  • Поголем степен на пренос во прва брзина.
  • Специјален тркачки ECU кој ќе биде развиен во соработка со „Magneti Marelli“.
  • Променет оклоп на моторот

 Triumph Daytona 765 Moto2 test bike 16

Back To Top