Италијанецот призна дека не очекува да биде компетитивен на првата трка која ќе се оддржи на патеката во Катар следниот месец. Во текот на минатата сезона, тој постојано имаше проблем со забрзувањето.

Роси призна дека главен проблем е електрониката на мотоциклот но напоменува дека промените ќе бидат тешки пред се поради константните промени на перформансите.

„Главниот проблем е дека никогаш не можеш да знаеш што да очекуваш, тоа исто како да играш карти,“ вели Роси кој на последниот тест заврши на десетото место со заостанување од  0.730 секунди. „Сите се многу брзи и многу блиску.“

Bikes of Valentino Rossi Yamaha Factory Racing 770x513

„Се повторува ситуацијата од минатата година. Работите можат да се променат од сабајле до вечер, а не пак од еден до друг ден. Ова е многу чудна ситуација која за прв пат во целата кариера ми се случи минатата година. И покрај тоа што ги имавме пневматиците на Michelin, перформансите беа по конзистентни. Но за разлика од минатата година, сега работите можат за кратко време да се променат. Ова беше многу тежок тест за Yamaha. Бев многу посреќен за време на тестовите во Малезија отколку тука. Но се надевам дека ќе бидеме подобри во Катар.“

„Знаеме дека мораме да работиме најмногу на електрониката, но мислам дека нема да има никакви промени на тестот во Катар. За тоа ќе бидат потребни неколку месеци, а се дотогаш ќе се потпираме на судбината.“

После првите два теста, Роси верува дека само Honda - чиишто возачи се најдоа на врвот на патеката во Бурирам, има конзистентен мотоцикл кој може да се натпреварува на сите патеки.

„Од она што можев да го забележам, единствениот тим кој беше компетитивен и на двете патеки беше Honda. Особено добар настап имаше Маркез но исто така добри беа и Педроса и Кратчлоу. Исто така и Ducati беа добри во Сепанг. Лоренцо таму заврши на првото место но тука имаше проблеми. Ќе мораме да почекаме до Катар за да видиме што ќе се случи.“

Back To Top