MotoGP

Вињалес е уверен дека има промени во Yamaha

Маверик Вињалес вели дека тој и неговиот тим Movistar Yamaha постигнале значителен напредок во развојот на М1 машината.

Следете нè на:

 

Откако успеа да победи на првите две трки од минатата сезона, Вињалес последната победа ја забележа дури во Мај минатата година, а покрај тоа тој е и бавен за време на тестирањата. Но ова би можело да биде моментот кога Шпанецот и Yamaha ќе го решат проблемот.

vinales rossi

Тимот досега испроба неколку шасии со цел да постигне подобри резултати. Но, откако фокусот на тимот се сврте кон електрониката, Вињалес вели дека сега имаат постигнато напредок.

Иако последната трка не ја започна добро, во еден момент се најде и надвор од местата кои носат поени, Маверик сепак извозе добро и на крајот се најде на шестото место и вели дека во иднина ќе има уште подобри резултати.

„Најдовме сет ап кој што му одговара на мотоциклот и тој навистина ми се допаѓа. Тоа го барав и претходно, а откако ја направивме промената, ми се врати и претходното чувство кое го имав на мотоциклот.“

„Доколку погледнеме наназад, изгледа како да сме загубиле три месеци. Мотоциклот е сосема различен од оној со кој настапив за време на тестовите. Шасијата е иста но сетапот не е . Мотоциклот повторно ги има силните страни кои ги имаше и минатата сезона и тоа ми дава поголема мотивација. Сега откако повторно имаме добро темпо треба да видиме каков резултат ќе ни донесе следната трка.“

Иако засега се чини дека тимот ги реши проблемите со кои се соочуваа, Вињалес тврди дека напредокот кој го постигнале има големо значење.

„За време на тестовите, понекогаш ги решававме проблемите но само за неколку кругови. Сега само ми треба да извозам многу кругови за да ми се врати чувството кое го имав минатата година.“

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!