Yamaha пристигна во Австралија во многу лоша форма но после победата на Маверик Вињалес на трката која се возеше на Филип Ајленд, заврши лошата серија за компанијата која доаѓа од Ивата.

Сега заминуваме на една многу поинаква трка која се вози на различна клима, трката во Малезија. Топла, долга и предизвикувачка, патеката во Сепанг може да ни понуди еден навистина интересен викенд.

763429

Во Австралија, Вињалес изгледаше незадржлив и се врати на пиедесталот за прв пат после победата на патеката во Ле Ман во 2017 година. Со ова тој само дополнително си ја зголеми самодовербата и сигурно ќе биде еден од подобрите возачи во Малезија. Неговиот тимски колега, Валентино Роси, немаше така добар викенд.  Иако се бореше за второт место, на крајот сепак заврши како шести. Вињалес на последните неколку трки има добар настап и разликата помеѓу двајцата возачи сега изнесува само 15 поени.

15 поени е исто така разликата и помеѓу Роси и второ пласираниот возач на табелата, Андреа Довициозо. Ducati имаше двојна победа на оваа патека минатата година а Довициозо победи и во 2015-та. Дали Италијанецот ќе може да дојде до хет трик и да победи и во 2018 година останува да видиме. Тој изјави дека трката на Филип Ајленд ќе го покаже нивниот напредок во споредба со минатата сезона. Заврши на третата позиција иако во поголемиот дел од трката се бореше за второто место.

Неговиот тимски колега, Алваро Баутиста исто така имаше добар настап на Австралиската трка. Но откако Хорхе Лоренцо се опорави од повредата , тој сега повторно ќе се врати во тимот на Анхел Нието. Откако заздрави од операцијата на коленото, што можеме сега да очекуваме од петкратниот Светски Шампион?  Второто место кое го постигна минатата сезона беше добар резултат но уште подобра беше формата која ја покажа на почетокот на сезоната.

Најбрз круг постигнат на еден тркачки викенд има Дани Педроса а покрај тоа и одлично му лежи патеката во Малезија. Пет пол позиции и три победи во премиерната класа. Останува да видиме каква трка ќе има Педроса оваа година.

Неговиот тимски колега, Марк Маркез, имаше лош настап во Австралија. Тој претрпе голема штета откако беше удрен одзади од Јохан Зарко. Иако и двајцата признаа дека се работи само за обичен тркачки инцидент, сепак тие не успеаа да ја завршат трката. Маркез има само една победа на патеката во Сепанг постигната во 2014 година. Со оглед на тоа дека борбата за титулата е веќе завршена, ќе продолжи ли Маркез да вози во ист стил?

За Зарко, ситуацијата е сосема обратна. После повредата на Кал Кратчлоу, Зарко заедно со Данило Петручи имаа можност да покажат дека се одлични возачи. Сепак, ниту еден од нив не успеа да ја искористи шансата. Наместо нив, тимот на Suzuki беше оној кој постојано ги притискаше најдобрите тројца возачи на патеката. Андреа Ианоне на крајот заврши на втората позиција додека пак Алекс Ринс беше петти. Зарко и Петручи сега имаат уште една шанса да му се приближат на Кратчлоу.

Еден возач кој се надева дека ќе има добар настап е Хафиз Сиахрин. Во пресрет на неговиот прв настап пред  домашната публика во премиерната класа, Сиахрин имаше лош настап во Австралија, но да не заборавиме, тој заврши меѓу најдобрите десет возачи на трката во Јапонија. Откако неговиот најголем ривал за наградата дебитант на годината, Франко Морбидели, заврши на осмото место на трката во Австралија,  можеби таа за Сиахрин сега изгледа дека е премногу далеку.  Сепак, тој сигурно ќе сака да се докаже пред  домашните фанови и да ги направи горди.

Back To Top