„Знам дека ова за него е посебна трка. Таа е негова домашна патека и нема да биде исто без него.“ - Маверик Вињалес

Маверик Вињалес вели дека е голема штета што неговиот тимски колега Валентино Роси нема да настапи на трката која ќе се оддржи овој викенд во Мисано. Роси, кој живее на само 20 минути од патеката ја скрши ногата за време на тренингот минатиот четврток и тоа претставува голем удар за него во борбата за шампионската титула.

IMGP7562

„За жал пристигнавме на оваа патека без мојот тимски колега Валентино и тоа е голема штета. Знам дека ова е посебна трка за него и нема да биде исто. Му посакувам побрзо да оздрави и се надевам дека за кратко време повторно ќе го видам на патеката.“

Вињалес во моментов е на третото место во генералниот пласман со заостанување од само 13 поени зад лидерот Довициозо и 4 поени зад Марк Маркез. Шпанецот вели дека во моментов има одлично чувство на мотоциклот и дека се чувствува самоуверено по успешниот тест кој го имашена истата оваа патека пред неколку недели.

„Имаме голема мотивација после подиумот во Силверстоун и повторно се движиме во вистинскиот правец. Ми се враќа истото чувство на мотоциклот кое го имав на почетокот на сезоната и тоа ми дава самодоверба.“

„Добро е што имавме позитивни резултати на последниот тест во Мисано. Ќе дадам се од себе за да имаме добар настап.“

Back To Top