MotoGP

Воопшто нема да биде лесно - Довициозо очекува борба помеѓу Лоренцо и Маркез

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Следете нè на:

 

Шансите за осовојување на титулата за возачот на Ducati се далечни, но на шест трки до крајот на сезоната Италијанската компанија веќе го изедначи бројот на победи кои ги постигна минатата година. Разликата е во тоа дека оваа година победите се поделени помеѓу двајцата возачи, Андреа Довициозо и Хорхе Лоренцо, за разлика од лани кога резултатот беше 6-0 за Италијанецот.

DSC 4093

Последната победа на Довициозо на патеката во Мизано беше посебна пред се поради начинот на кој избори да дојде до првото место, а потоа и да се одбрани од нападите на Лоренцо и Маркез.

Победата исто така го искачи Довицизо на второто место на табелата со заостанување од 67 поени зад Маркез и 3 поени предност пред Валентино Роси. Но откако Лоренцо излета за време на претпоследниот круг од трката во Мисано, Довициозо сега има предност од 24 поени пред три кратниот Светски Шампион.

За двајцата возачи не може да се каже дека се најдобри пријатели и има постои голема гордост во однос на тоа кој ќе биде најдобриот возач на Ducati оваа сезона. Ова ќе биде нивна последна сезона како колеги со оглед на тоа дека Лоренцо од следната сезона ќе му се приклучи Маркез во тимот на Honda.

„Со оглед на борбата која ја имаме за титулата, навистина е важно да победиме тука бидејќи ова е една од најдобрите патеки за Хорхе“, изјави Довициозо по завршувањето на трката во Мисано.

А трката која овој викенд ќе се оддржи во Арагон е уште една која му одговара на Лоренцо. Тој веќе има победено тука како возач на Yamaha во 2014 и 2015 година а од 2011 година па се досега на секоја трка тој се наоѓа на подиумот.

Довициозо, кој на оваа патека се искачи на подиумот во 2012 година,  вели дека очекува и Маркез да има добар настап овој викенд.

DSC 2603

„Арагон е навистина добра патека, помалку невообичаена и сосема различна од Мисано. Но ова исто така е и патека на која вообиаено немам добар настап,“ изјави Довициозо. „На тестот кој го оддржавме на крајот на Август постигнавме добро време и мислам дека сега ќе можеме да се бориме за победа. Очекувам да бидам брз но и Хорхе и Марк се исто така добри на оваа патека. Затоа мислам дека нема да биде лесно.“

Доколку некој возач на Ducati успее да победи на трката која ќе се оддржи во недела, тоа ќе значи и четврта победа по ред за Италијанската компанија.

Во моментов, многумина сметаат дека Desmosedici е најдобриот мотоцикл на патеката.Сепак, Довициозо вели дека слабостите кои ги има мотоциклот сè уште се присутни, но сега не се толку очигледни.

„Мислам дека тоа е нормално. Имате предност кај одреден дел на мотоциклот, на пример забрзувањето. Навистина е тешко да креираме мотоцикл кој ќе биде добар во сите делови. Вртење, забрзување, сопирање. Сепак, ДНК-та на Ducati е иста. Она што успеавме да го направиме е да ги подобриме слабите делови кај мотоциклот.“

Во меѓувреме, Лоренцо вели дека ја научил лекцијата од трката во Мизано и дека со нетрпение го чека настапот пред домашната публика.

DSC 3047

„После трката во Мизано одлучив да ги променам работите. Ми стана јасно каде грешам и извлеков некои интересни заклучоци,“ изјави Лоренцо , мислејќи притоа на одлуката да настапи со средни наместо со меки пневматици.

„Сега заминуваме на патеката во Арагон, патека на која мислам дека можеме да ги искористиме предностите кои ги има нашиот мотоцикл. Тестот кој го имавме пред три недели беше навистина позитивен  и сметам дека сме подготвени и имаме одлична цел пред нас. На секој настап кој го имате после некоја несреќа сакате да се покажете дека можете да се борите до самиот крај.“

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.