„Собравме три дена работа во само пет часа, што очигледно бара прескокнување на некои чекори кои што ги имавме планирано“ - Бернард Гобмаер, Дукати

bernhard

„Собравме три дена работа во само пет часа, што очигледно бара прескокнување на некои чекори кои што ги имавме планирано“ - Бернард Гобмаер, Дукати

Само неколку дена по официјалното претставување на Desmosedici GP13 во Мадона ди Кампињо, развојниот тим на Дукати отпатува на патеката Херез за првиот тимски MotoGP тест во 2013 година.

Тимот, во кој беа вклучени новиот тест возач Микеле Пиро и постојаниот тест возач Франко Батаини, беше подготвен да работи на новиот мотор кој оваа година ќе го возат Андреа Довициозо и Ники Хејден како и возачите на тимот Прамак, Бен Спиз и Андреа Ианон.

Но лошото време кое што го погоди југот на Шпанија го спречи тимот да ја оствари неговата зацртана програма. Времето поминато на патеката беше значително намалено за двајцата возачи. Бернард Гобмаер беше присутен на патеката за прв пат во нова улога, како генерален менаџер на Дукати Корсе.

Немавме среќа со времето, два дена не успеавме да направиме речиси ништо. Врнеше речиси цело време. Денеска ( Понеделник) собравме три дена работа во само пет часа, што очигледно бара прескокнување на некои чекори кои што ги имавме планирано. 

Во секој случај, се појавија некои интересни и позитивни резултати, во поглед на шасијата и некои електронски подобрувања што се обидовме да ги направиме.

Ако ништо друго, барем успеавме да направиме јасна цел пред нашиот следен тест во Херез. Во секој случај, многу сум задоволен од тоа колку беа концентрирани возачите од тест тимот. Сите беа многу мотивирани.

објасни Гобмаер

Првиот официјален МотоГП тест ќе се одржи од 5-7 февруари на патеката Сепанг, а шампионатот започнува на 7-ми април во Катар.

Back To Top