Ред Бул КТМ тимот денеска потврди дека Јохан Зарко ставил потпис на две годишен договор кој ќе го донесе Французинот во портокаловиот тим во 2019 и 2020 година!

Откако претходно беше објавено дека Пол Еспергаро го продолжува договорот со тимот, Зарко беше објавен како негов тимски колега за следните две сезони. Зарко беше прогласен за почетник на годината во 2017 година, а постојано е во врвот на МотоГП откако претходно освои две титули во Мото2 класата.

 ds56318 0.big

Менаџерот на КТМ изјави дека контактот со Зарко останал уште од времето кога тој настапуваше во „KTM Rookies Cup“, нашата поддршка за него продолжи во Мото2 преку „WP“, а истовремено и нашиот Мото3 менаџер е близок со Зарко. Ова беше групно заложување и обид да се донесе фантастичниот Зарко во нашиот тим, и на крајот успеавме во тоа - Пит Бериер.

Наша примарна цел ќе биде да го доведеме мотоцикло до нивото на кое е Зарко, тоа е најголем приоритет за следната сезона, дополни Бериер.

Јасно е дека сакаме да напредуваме во МотоГП, првите две години работевме на развојот и на самиот проект со цел да дојдеме до одредено ниво. Знаете, секојпат сакате да ги донесете најдобрите возачи во вашиот тим, а со Зарко во ситуација кога ги победува момците со фабрички мотоцикли мислам дека сме на вистинскиот пат. Уверен сум дека заедно можеме да стигнеме до следното ниво.

DcQsUIRX4AAZil

„Мојата кариера ќе продолжи каде што започна, од Ред Бул купот до борба за МотоГП титула. Ме разбирате, ќе му се приклучам на КТМ МотоГП тимот во следните две години. Навистина сум среќен што ќе настапувам за КТМ, имаме иста амбиција - Ready to race!“ - напиша Зарко на Твитер.

Back To Top