Возачот на Monster Yamaha Tech 3, Јохан Зарко, не успеа да ја заврши работата која ја започна минатата година на трката во Катар поради проблем со пневматиците.

Иако долго време беше во водство на трката минатата година, тој сепак излета надвор од патеката. Исто почна и оваа сезона. Тој имаше добар старт но поради проблем со пневматиците на крајот заврши на осмата позиција.

zarco katar

Французинот, кој беше во водство во текот на 17 кругови, возеше одлично и целосно ја контролираше ситуацијата. Сепак, не успеа до крајот да извози во ист стил.

„Имав добар старт и се наоѓав во водство. Не можев да постигнам подобро време од останатите возачи но сепак никој не ме претекна. Се обидов да го контролирам предното тркало и добро ми одеше во тоа. Но, на седум круга до крајот на трката, се обидов да притиснам повеќе и да направам поголема разлика. Во текот на трката веќе го почувствував лимитот на пневматиците, но тоа не ми се случи за време на тренингот.“

„На пет круга до крајот, кога другите возачи ме претекнаа, ми стана јасно дека неможев целосно да ја користам предната гума. Токму поради таа причина и не можев да се борам до самиот крај. За малку дури и ќе паднев. Затоа мислам дека осмото место е добар резултат бидејќи во вакви услови, добро е кога ќе ја завршите трката.“

Иако е помалку разочаран поради пропуштената можност за победа, Зарко останува внимателен. Свесен дека сезоната е долга и дека ќе има и други шанси за победа, тој вели дека најважно нешто е да остане позитивен.

„Кога сте дел од ваков спорт, се случуваат вакви работи. Токму затоа ќе продолжам да се смеам. Бев лидер на трката. Иако не бев брз, сепак никој не ме претекна и тоа е добро. Чувството беше различно во споредба со минатата година кога исто така бев во водство. На моменти се чувствував бавно но ако никој не ве претекне, тоа значи и дека не сте толку бавни.“

Back To Top