MotoGP

Зимската тест кацига на Валентино Роси доби Мексиканска шара

Уште еден зимски тест период за MotoGP возачите, а тоа значи и дека Валентино Роси ќе ни претстави уште една специјална кацига. Оваа година „Докторот“ својата инспирација ја доби откако помина одреден период на одмор во Мексико. Поради таа причина AGV Pista GP R доби интересен дизајн.

Следете нè на:

 

Уште еден зимски тест период за MotoGP возачите, а тоа значи и дека Валентино Роси ќе ни претстави уште една специјална кацига. Оваа година „Докторот“ својата инспирација ја доби откако помина одреден период на одмор во Мексико. Поради таа причина AGV Pista GP R доби интересен дизајн.

Valentino Rossi winter test AGV Pista GP R Huichol art helmet 01

„Овој вид на уметност веднаш ме заинтригира бидејќи користи голем број од моите симболи, како што се сонцето, месечината или желките“, изјави Роси. „Се обидовме да го рекреираме истиот ефектот со кој Мексиканците им даваат боја и облик на овие објекти, но сакавме да додадеме и нешто наше.“

„Кацигата изгледа навистина добро. Алдо Друди заврши одлична работа, а исто така и Давиде. Слободно можеме да кажеме дека кацигата претставува едно уметничко дело, нешто што досега го немаме видено.“

Valentino Rossi winter test AGV Pista GP R Huichol art helmet 03

Како што можете и да претпоставите, кацигата ќе може да се најде во продажба но нејзиниот број ќе биде лимитиран.

Во меѓувреме, останува да видиме дали овој дизајн ќе му обезбеди малку повеќе среќа на Роси во следната година со оглед на тоа дека Yamaha се мачеше изминатава 2017 година.

Valentino Rossi winter test AGV Pista GP R Huichol art helmet 04

Би можело да ве интересира

Третата трка од годинешниот МотоГП шампионат викендов се вози во САД.

Ducati најави серија на мерки кои ќе ги применат на нивните модели, при што ќе се користи и напредна електроника, за да се подобри безбедноста на возачите.

Дали Бредли Смит ќе ја оправда довербата од КТМ и ќе остане и понатаму во тимот?

Имаме една добра вест за сите фанови на МотоГП. Дани Педроса доби дозвола за настап од докторите и ќе биде дел од трката која овој викенд ќе се оддржи на патеката во Остин, Тексас.

Гран При трката која овој викенд ќе се оддржи во Остин би можела повторно во преден план да ги исфрли организаторите.

Постојат десетина фактори кои влијаат врз секоја индустрија и пазарот со мотоцикли воопшто не е различен. 

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!