Motocross

Томовски пред голем предизвик!

Најтрофејниот македонските мотокрос натпреварувач, Гоце Томовски викендов пред себе ќе го има најголемиот предизвик во досегашната богата и успешна кариера.

Следете нè на:

 

Најтрофејниот македонските мотокрос натпреварувач, Гоце Томовски викендов пред себе ќе го има најголемиот предизвик во досегашната богата и успешна кариера. На 5 мај, Томовски за прв пат ќе има можност да учествува на натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос на патеката крај Тројан, Бугарија.

tomovski skok

Тој е втор наш мотоциклист после Христиан Илиоски кој ќе ја претставува Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на натпревар од највисок мотоциклистички ранг. Илиоски минатата година настапи 3 пати во рамките на светскиот шампионат и успеа да влезе во мотоциклистичката историја како прв Македонец кој освоил место во бодови на трка од светски ранг.

MX1 Tomovski

На вториот натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос во класата МХ3 во Тројан се пријавени 36 натпреварувачи од  18 држави, а помеѓу нив е и победникот од првиот натпревар годинава кој се одржа во Холандија, Герт Крестинов од Естонија, како и минатогодишниот шампион Матиас Валкнер од Австрија.

Tomovski 2

Паралелно со најдобрите светски мотокрос учесници од класата МХ3, на 1.652 метри долгата патека ќе се одржи и третиот натпревар од Европскиот шампионат во класите МХ65 и МХ85. Боите на Македонија ќе ги брани 12-годишниот Христиан Станковиќ. Тој има шанса со добар настап да се пробие меѓу најдобрите десет во генералниот пласман од Европскиот шампионат во класата МХ85.

Би можело да ве интересира

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Не сите модели кои ќе ги видиме на Intermot имаат нова технологија, неколку мотоцикли за 2019 година добија само нова боја.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.