Motocross

Кен Рокзен и неговото враќање на трките

Тој претрпе 11 операции со цел да ја среди состојбата на рамото, а потоа следуваше и строг режим на рехабилитација. Но Кен го надмина сето тоа и го шокираше светот со освојување на првото место на квалификациите. Токму така, првото место.

Следете нè на:

 

Една од сериите кои својот старт го имаа овој викенд е и Monster Energy AMA Суперкрос, а трката која ни ја пружија воопшшто не не разочара. „Anaheim 1“, познатата прва трка секогаш е интересна за гледање бидејќи возачите многу често ги менуваат тимовите во пресрет на почетокот на сезоната. Како што напоменав во најавата за сезоната, после првата трка ќе добиеме одговор на неколку интересни прашања.

roczen wins anaheim 1 2017 celebration

Можеби најголема контроверзија предизвика одлуката на Кен Рокзен да се врати на тркањето после пауза од речиси една година поради тешката повреда. Тој претрпе 11 операции со цел да ја среди состојбата на рамото, а потоа следуваше и строг режим на рехабилитација. Но Кен го надмина сето тоа и го шокираше светот со освојување на првото место на квалификациите. Токму така, првото место.

Ако тоа не беше доволно импресивно, Кен се најде на само еден чекор од подиумот. Тој немаше добар старт на трката но за кратко време влезе во ритам и почна да ги претекнува возачите кои беа пред него. Тој имаше и мал инцидент на истото место каде што претходно излета Дин Вилсон.

Како резултат на ова, Кен загуби неколку места но успеа да се врати и на крајот заврши како четврти. Иако сигурно преферирал да се најде на подиумот, сепак самиот факт дека успеа до крај да ја извози трката претставува големо постигнување.

Рокзен можеби се уште не е целосно заздравен од повредата, но неговото враќање на трките како и самиот резултат сигурно се за пофалба. Серијата сега се префрла во Хјустон каде што следниот викенд ќе се оддржи нова трка, а целта на Кени одново ќе биде постигнување на добар резултат. Иако има само 23 години, тој веќе го потврди своето место во легендите на мото трките.

Би можело да ве интересира

Макпетрол помогна во организацијата на „1st Skopje Vespa Days“.

Голем број на договори беа продолжени во пресрет на Француската MotoGP трка, а еден од нив е и оној на Алеш Еспаргаро кој го продолжи договорот со Aprilia и ќе остане дел од тимот се до 2020 година.

Алекс Ринс ќе остане дел од тимот на Suzuki MotoGP и во следните две години.

Петтата трка од МотоГП шампионатот викендов се вози на патеката Ле Ман во Франција.

Сега откако CBR650F помина веќе одреден период на пазарот, Honda одлучи да му ги отстрани пластичните делови. Новиот модел има подолги рачки и веќе може да се најде во салонот на Макпетрол во Скопје.

После двојната победа на патеката во Имола, Џонатан Реа ги постави основите за освојување на неговата четврта последователна титула во Светскиот Супербајк шампионат.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!