Шесткратниот Светски шампион во мотокрос, Тони Каироли, извојува двојна победа викендов со што дојде до бројката од 58 Гранд При победи.

70980 068 KTM2013 Cairoli

Шесткратниот Светски шампион во мотокрос, Тони Каироли, извојува двојна победа викендов со што дојде до бројката од 58 Гранд При победи.

Седмата рунда од МХ шампионатот која се возеше на патеката „Beto Carrero“ во Бразил се покажа како среќна за возачот на Ред Бул КТМ тимот. 

Пехарот кој ја носеше ознаката #58 беше кренат високо во воздухот, а Каироли успехот му го посвети на трагично загинатиот Марко Симончели (возеше со бројот 58 н.з.) кој животот го загуби на 23-ти октомври 2011 на патеката Сепанг.

Двајцата италијанци беа долгогодишни пријатели, имаа и заеднички настап на хуманитарната трка „Una gara per Luca“ која имаше за цел да собере средства за млад кросист кој остана парализиран по тежок пад на патеката.

Каироли ќе биде присутен на 2-ри јуни на трката во Муџело каде ќе му го поклони трофејот на Паоло, таткото на Симончели.

Back To Top