Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Нови моторџии Прочитај прво

Добродојдовте

  • PDF

Добродојдовте,

Motori.com.mk е македонски мото портал, направен со цел навремено и точно информирање за сите домашни и светски мото случувања. На сајтов ќе ги најдете сите потребни информации за македонската мото сцена, од информации за мото клубовите, до цени и понуда на опрема и мотори.

Со регистрацијата на сајтот добивате и сопствено катче од кое останатите членови ќе можат да научат нешто за вас. Преку вашиот профил можете да примате и испраќате лични пораки, да креирате галерија со ваши лични слики, па дури и да се одбележите на сликите (таг) во галеријата. Регистрацијата ќе ви дозволи и бесплатна објава на огласи, како и активно учество на форумот кој брои повеќе од 4.900 членови.

Пред да започнете со првиот натпис на Форумот, задолжително прочитајте ги правилата за пишување и придржувајте се до нив.

Содржините на порталот се додадаваат дневно, за почеток прочитајте ги советите кои се напишани за вас кои за прв пат се среќавате со моторите, но за поискусните тука е и гаражата која нуди повеќе од 1000 упатства за сервисирање на моторите.

Во делот мултимедија ќе можете да ги погледнете сликите од сите мото настани, да најдете позадини од вашиот омилен мотор и видео записи поделени во категории.

Галеријата на motori.com.mk содржи повеќе од 13.000 слики, што ја прави една од најголемите во македонскиот интернет простор.

Не заборавајте да го отворите и календарот на мотор настани. Во него се објавени сите собири, забави, трки и останатите мото настани.

За крај прочитајте ги и правните забелешки за користењето на сајтот, на истата страна се наоѓа и импресумот, а доколку ви треба било каква помош за самиот сајт, користете ја контакт формата.

За сите останати прашања, користете го нашиот е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Со почит,
тимот на Motori.com.mk