Во Акрапович се горди на новата тркачка линија издуви која ја подготвија специјално за Yamaha MT-09 / FZ-09

Akrapovic Racing Line Yamaha MT-09

Во Акрапович се горди на новата тркачка линија издуви која ја подготвија специјално за Yamaha MT-09 / FZ-09

MT-09 е мотор со силен фокус на возачкото искуство и емоции, модел на мотор кој воведува нова насока во еволуцијата на моторите. Мотор кој е дизајниран имајќи го на ум неконвенционалното јапонско општество, темната страна која сега може да биде уште по истакната со новитетот од Акрапович.

Akrapovic Racing Line Yamaha MT-09

Тркачката линија со надворешна карбонска обвивка одлично му прилега на „голиот“ дизајн на Јамахата, модел на издув кој сигурно ќе ги извади максималните перформанси од моторот со 3 цилиндри и голема моќност. Подобрените перформанси се карактеристични за сите „афтер-маркет“ производители на издуви, кај Акрапович ова се должи и на намалената тежина, па така кај МТ-09 ќе добиете мотор кој ќе биде полесен за 3.8кг, а појачан за 6,8кс!

Додадете го на сето ова и препознатливиот Акрапович звук, и добивате мотор кој изгледа одлично, звучи фантастично и тежи помалку.

Akrapovic Racing Line Yamaha MT-09

Back To Top