Најдобрата кацига во класата која ја нуди X-Lite пристигна во Хонда салонот на Макпетрол во Скопје.
Ова е ексклузивната карбонска верзија на новата тркачката кацига на X-Lite. Намалената тежина и големина (благодарение на јаглеродната конструкција), механизмот на визирот кој има двоен акциски систем како и ефикасниот RAF (Racing Air Flow) вентилациски систем ја прават X-803 ULTRA CARBON најексклузивна тркачка кацига. Се работи за 100% „race-replica“, односно кацигата која можете да ја купите е истата онаа со која се натпреваруваат светски познатите мото возачи.
Да погледнеме што е ново кај моделот за 2018 година:
Nolan Emergency Release System (NERS)
Овој систем овозможува во случај на незгода лесно да се извадат штитниците за образите додека возачот се уште ја носи кацигата само преку отстранување на црвената лента која е закачена на предниот дел на штитниците.
Странична видливост
Во споредба со својот претходник (X-802RR), кај X-803 е подобрена страничната видливост. Зголемена е должината на визирот и со тоа периферното видно поле. Со тоа е подобрена и безбедноста како и комфорот при возењето.
Прилагодлив внатрешен визир
Благодарение на ексклузивниот систем за прилагодување, пинлок визирот на кацигата може да се прилагоди без да мора да се извади од кацигата.
Двојна акција
Заклучување на кацигата за да се спречи отворање на визирот при голема брзина или негова кондензација.
RAF вентилациски систем
Резултат на искуството и тестирањето во воздушните тунели. Направен од индиректни, горни, влезови за воздух, преден влез за воздух, предна заштита и странични излези за воздух.
Прилагодлив уред за стабилност
Во споредба со неговиот претходник (X-802RR), кај X-803 е подобрена стабилноста при големи брзини благодарение на целосната промена на задниот „спојлер“.
Комфорт
Кај X-803 е подобрена удобноста, пред се кај брадата. Штитникот за брадата е малку поиздолжен за да обезбеди поголема статичност и удобност.
Подобрена ергономија
Полесен проток на воздух низ горниот дел од кацигата. Внатрешната облога е составена од странични штитници за образите како и ремени кои може да се извадат и измијат.
Единечни штитници за образите
Материјалот од кој се изработени штитниците за образите има за цел да обезбеди еднаков притисок и конзистенти перформанси во споредба со традиционалните материјали кои се употребуваат. Лесно може да се отстрани доколку сакате да го исперете.
За цената на новата X-Lite X-803 Ultra Carbon можете да се информирате во салонот на Макпетрол на Бул. Илинденска каде можете да ја видите и пробате.