Нема да ви помогнат да патувате назад низ времето, но новите „4D“ ретровизори на италијанскиот производител Rizoma, сигурно ќе ви помогнат да ги гледате работите појасно.

Rizoma BS208B 4D Mirror Specchio Black

Нема да ви помогнат да патувате назад низ времето, но новите „4D“ ретровизори на италијанскиот производител Rizoma, сигурно ќе ви помогнат да ги гледате работите појасно.

Асферичните огледалата се верува дека го зголемуваат периферниот поглед на возачот, а покрај тоа  и му даваат посебен изглед на вашиот моторцикл.

Rizoma BS208A 4D Mirror Specchio Silver

Ретровизорот има малку конвексно стакло и обележана област на надворешниот раб со зголемено искривување за да има поширок агол. Тие се прилагодливи и на врвот и на дното за да можете да ги наместите во вистинската позиција.

55714

Дизајнирани да одговараат на повеќето модерни мотори, 4Д ретровизорите се направени од алуминиум и се достапни во сатен црна или полирана сребрена боја.

Застапник за производите на Ризома во Македонија е фирмата Мото Азуро.

Back To Top