Останато

Дакар 2014 ја зема првата жртва кај мотоциклистите

Организаторите на најтешкото светско рели, ја потврдиле смртта на 50-годишниот Белгиец, а во соопштението истакнале дека допрва ќе се утврдува на кој начин го загубил животот.

Следете нè на:

 

dakar-zrtvaБелгискиот мотоциклист, Ериц Паланте, загинал за време на петтата етапа на Релито Дакар

Белгискиот мотоциклист, Ериц Паланте, загинал за време на петтата етапа на Релито Дакар, откако неговото тело било пронајдено во пустината. Организаторите на најтешкото светско рели, ја потврдиле смртта на 50-годишниот Белгиец, а во соопштението истакнале дека допрва ќе се утврдува на кој начин го загубил животот.

„Околу 8:30 часот утрово, екипата ја бараше позицијата на натпреварувачот со стартен број 122 за да му помогнат. На 143-от километар во рамките на петтата етапа, од Чилесито до Тукуман, екипата го пронајде телото на Ерик Паланте. Околностите под кои настрадал Ерик ќе ги анализира судијата Масуко Белена. Организаторите не добија никакво барање за помош“, стои во соопштението.

Паланте, по 11-ти пат учествувал на Релито Дакар, а оваа година бил најсериозен кандидат за титулата меѓу аматерите. Според организаторите, тој добро го познавал теренот и бил еден од најискусните мотоциклисти меѓу аматерите.

Инаку, покрај Палантер, во четвртокот уште две лица, кои не учествуваа во Релито Дакар, ги загубија животите. Во северниот дел на Аргентина, на крајот од петтата етапа, загинале 19-годишниот Агустин Игнасио Мина и 51-годишниот Даније Едуардо Амбросио. Трагичната несреќа се случила, кога на тешкиот терен се превртело возилото, во кое се наоѓале починатите.

Релито Дакар е најтешкото рели на светот, од 1979 година, Паланте е 27-от натпреварувач кој го загубил животот.

Извор: Макфакс

Би можело да ве интересира

Станува збор за програма за изнајмување на мотоцикли која ќе биде достапна на сите продажни места на BMW.

„Можеби некои од шефовите во Yamaha ќе го погледнат бројот на порази и ќе прашаат зошто е тоа така“, Валентино Роси

Крајот на сезоната е одлична можност да се опремите со нова кацига по навистина поволна цена.

Марк Маркез се доближи еден чекор поблиску до освојување на титулата откако имаше импресивен настап пред домашната публика на трката која се возеше во Арагон.

Марк ми ја уништи трката, ми ја повреди ногата. Знае дека погреши! - Хорхе Лоренцо

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!